Реклама
Македонија

Интерпелациите на петте членови на Судскиот совет на седница на 11 март

Следниот вторник , на 11-ти март, пред пратениците ќе се најдат интерпелациите …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Следниот вторник , на 11-ти март, пред пратениците ќе се најдат интерпелациите  за членовите на судскиот совет избрани од Собранието. Датумот бил договорен на денешната координација кај собранискиот спикер Африм Гаши. Пратениците од мнизинството поднесоа пет интерпелации за членовите на судски совет меѓу кои и за екс шефицата Весна Дамева.

Премиерот Христијан Мицксоки побара, ако поминат интерпелациите, петте членови на судски да си поднесат оставки. Членовите на Судскиот совет пак пред една недела му пратија писмо на собранискиот спикер Африм Гаши во кое напишаа дека  не чувстуваат морална и професионална одговорност, ниту пак ќе да си поднесат оставка дури и ако Собранието им изгласа недоверба. Причините со кои се бара нивна интерпелација, според нив, биле паушални. Бараат да има индивидуална, а не колективна одговорност. Интерпелацијата ја оценија како политичко мешање во работата на судиите иако овие челнови не се судии туку се избрани во собранието како истакнати правници. Владејачкото мнозинство на 7-ми февруари поднесе интерпелација за членовите кои се избрани во Собранието, во кои директно гледаат вина за нарушената доверба во македонското правосудство.