Реклама
Свет

Макрон ги објави деталите на британско францускиот план за мир во Украина

Дека состојбата во светот дополнително се компликуваа покажуваат и последните сигнали од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дека состојбата во светот дополнително се компликуваа покажуваат и последните сигнали од европските лидери.

Русија и Украина да го положат оружјето во период од еден месец, кога треба да запрат воздушните, поморските и нападите врз енергетската инфраструктура, предвидува британско – францускиот план, чии детали денеска ги откри францускиот претседател Макрон. Во интервју за весникот „Фигаро“, Макрон појаснува дека во првата фаза копнените борби ќе останат активни се додека не се процени можноста за целосен прекин на огнот, што би резултирал со распоредување на европските мировни сили во Украина. За Париз ова е своевинден лакмусов тест за Путин.

„Предлогот е тест кој треба да ја потврди добрата волја на Владимир Путин да се вклучи во примирјето, а потоа да почнат вистинските преговори“, изјави Жан – Ноел Баро, министер за надворешни работи на Франција.

Реклама

Предлогот синоќа беше презентиран пред 18 европски лидери во Лондон, а според британскиот премиер Стармер опфаќа четири точки, меѓу кои и целосна заштита на суверенитетот на Украина, како и формирање таканаречена „коалиција на подготвени земји“ кои ќе го спроведуваат финалниот договор и ќе го гарантираат мирот во иднина.