Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Мерките на Трамп не влијаат врз неговиот висок рејтинг

Опкружен со неговите нови членови на Кабинетот, претседателот Доналд Трамп ги бранеше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опкружен со неговите нови членови на Кабинетот, претседателот Доналд Трамп ги бранеше големите кратења за владините трошоци на неговата администрација, велејќи дека има мандат од гласачите.

  • „Јас сум избран врз основа на даноците и врз основа на многу работи, како границата, но и врз основа на балансирање на буџетите и враќање на нашата земја во добра форма и ова е голем дел од тоа“ изјави Donald Trump, US President.

Трамп ги пофали брзите напори на Илон Маск за намалување на владиното расипништво.

На состанокот на кабинетот, технолошкиот милијардер им рече на новинарите дека неговиот Оддел за владина ефикасност треба „брзо да се движи“ за да постигне намалување на дефицитот од трилиони долари до фискалната 2026 година.

Реклама
  • „Потребно е да се заштедат четири милијарди долари дневно, секој ден од сега до крајот на септември. Ќе грешиме. Нема да бидеме совршени, но кога ќе направиме грешка, ќе ја поправиме многу брзо“ рече Elon Musk, DOGE Leader.

Лидерите на синдикатот и демократите во Конгресот се противат на затворање на цели владини агенции како и за целта на администрацијата да ја намали федералната работна сила од околу 2,4 милиони вработени.

  • „Не одете со секира и да ги исечете сите добри работи заедно со работите кои се отпад, измама и злоупотреба. Ниту еден паметен бизнисмен не би го направил тоа. Мислам дека тоа што тие го прават е едноставно навредливо. Тоа ги повредува луѓето“ смета Sen. Chuck Schumer, Democrat.

Неколку федерални вработени на пробен период, кои неодамна беа отпуштени, ги споделија своите искуства на таканаречената веб-емисија на Зум организирана од демократскиот претставник Ро Кана.

Адвокатот Мајкл Грагнард, кој двапати гласал за Трамп, беше отпуштен од Одделот за земјоделство.

  • „Мојата улога беше да се осигурам дека програмите функционираат легално и се чини дека тоа е многу повеќе со зголемувањето на владината ефикасност и намалувањето на владиниот отпад. Јас сум оженет. Имаме двегодишно девојче, а во април очекуваме и син. Бевме осигурани преку мојата работа“ изјави Michael Graugnard, Fired Probationary Federal Employee.

Научниците исто така протестираа во последните денови во знак на протест поради намалувањето на медицинските истражувања и отпуштањата. Политикологот Џонатан Хансон се осврна на влијанието на мерките на Одделот за владина ефикаснот.

  • „Досегашните напори се чини дека се драматични потези кои веројатно нема да имаат големи заштеди на трошоците на краток рок и ќе бидат штетни за владиниот капацитет на долг рок“ рече Jonathan Hanson, University of Michigan.

Засега, се чини дека намалувањата, политички не му наштетиле на Трамп, велат аналитичарите.

„Не мислам дека реакцијата беше многу негативна, бидејќи мислам дека рејтингот на Доналд Трамп не е опаднат или понизок отколку што е всушност сега, и мислам дека идејата за апстрактно намалување на трошоците е всушност прилично популарна“, вели Kyle Kondik, University of Virginia Center for Politics.

Тој вели дека прашањето ќе биде како Американците реагираат во текот на неколку месеци на потенцијалните нарушувања за владините услуги од кои се навикнати да имаат корист.

Jованчо Наумоски – Глас на Америка

Вероника Балдерас – Дописничка од Бела куќа за Глас на Америка