Реклама
Прилози

Димитриеска-Кочоска: Веќе изразив жалење за целиот контекст, создаваат лажна тема за дефокус

Веќе изразив жалење, но и народот има поважни теми од обидот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе изразив жалење, но и народот има поважни теми од обидот за дефокус на опозицијата, вели министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска посочувајќи дека немала намера да навреди никого. Оставка нема да поднесе оти за неа, оваа тема е затворена. Според министерката, СДСМ само се обидува да добие ситни политички поени. Димитриевска Кочоска вели дека Петровска глумела жртва во случајот, а на нејзините сопратијци им пречела, како што рече, затоа што темелно си ја работела работата.  Иако со месеци со месеци била цел на лажни соопштенија и изјави, вели дека досега не се пожалила за тоа.

Откако се искординирале, правата тема од ова бидејќи колку што можевте да заклучите додека дискутиравме реакции немаше, им требаше време да се искординират, да размислат, да видат и да дефокусираат, но секакко повторувам, ниедна туѓа навреда кон мене нема да ме вовлече да навредувам и да возвраќам со навреди. Ова се ќе помине и за мене најважно е да останиме луѓе и да му помагаме на луѓето колку што можеме. За мене, како што ви кажав темата е затворена, се фукусирам на мојата работа за која имам одговорност да ја работам, појасни министерката за финансии Гордана Димитирвска Кочоска.

Пратеничката група на СДСМ, пак најави дека ќе побара итна седница на Комисијата за дискриминација на која ќе се расправа за однесувањето на министерката, но и за поширокиот проблем на дискриминација во институции врз основа на полова припадност.

Реклама

„Тука сме гласно и јасно да побараме. Гордана Димитриеска-Кочоска мора да си поднесе оставка. Министерката која понижува граѓанка на оваа држава, која навредува пратеничка, која шири дискриминација, не заслужува да води Министерство, не заслужува да седи во Влада која тврди дека работи за граѓаните“, кажа Тренчевска.

Дебатата на вчерашната седница за пратенички прашања заврши со остри реплики откако Петровска ѝ сугерираше на министерката да направи подобра пресметка по нејзината изјава дека е нелогично четиричлено семејство да потроши 13 литри млеко месечно или да купува грашок од конзерва, кога замрзнатиот е поевтин.

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека собраниската говорница не треба да се користи за навреди, прашан за негов став за вчерашната дебата  помеѓу министерката за финансии и пратеничката Петровска.