Не постои дно кое овој Судски совет не успеа да го пробие. Одлуката дека судијката Даниела Алексовска Стојаноска, донела законска пресуда и постапувала непристрасно во случајот на Васил Јованов за трговија со дрога, е и повеќе од срамна и непрофсеионална, сметаат познавачите. Поранешниот министер за правда Михајло Маневски, вели дека при своето одлучување, Судскиот совет не одговорил на голем број отворени прашања. Пред се – провериле ли, дали судот претходно имал донесено ваква полесна пресуда за трговија со дрога..
-Крајно непрофесионално и неодговорно, мислам дека тоа е срамна одлука за еден Судски совет, како највисок орган кој што треба да ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт. Дали тој Судски совет утврди дали тој исти судија Алексовска, во колку дргуи случаеви на полнолетно лице заводска мерка, дали воопшто има таков случај. Васил Јованов сторил кривично дело трговија со дрога и тоа не мала количина и не само лесна дрога, изјави Маневски за Алфа.
Врз одлуката на Судскиот совет дамка фрла и одлуката на Апелација, да ја промени првостепената одлуката на Алексовска Стојановска и Васил Јованов да го осуди на активна казна затвор од три години и 10 месеци. Според Маневски срамно е како може овие две институции да имаат сосем различни гледишта на овој случај.

-Судскиот совет не знам да го стави на крај памет тоа и дали ја имаше одлуката на Апелациониот суд, мислам како може највисокиот орган на судската власт и највисокиот суд кој што одлучува по жалба да имаат сосема дијаметрално спротивни гледишта. Па јас не знам што не смета нас граѓаните еден ваков Судски совет, изјави Маневски.
Довербата во правосудството во Македонија последниве години е на катастрофални два проценти, па според многумина тоа е причина за длабоки реформи, па и целосно распуштање на Судскиот совет.
-Ова е тотално деградирање на целиот судски систем, овој Судски совет треба веднаш да замине во целина, ваков Судски совет не му треба на никого. Затоа што ваков Судски совет не доведува до тоа што треба да значи право и правда на граѓаните, катастрофа е ова што се случува, изјави Маневски.
Собранието треба да одлучува за интерпелациите за членовите на Судски совет Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Тања Чачарова Илиевска, Селим Адеми и Миљазим Мустафа.
Но, според она што тие го говорат дури и да им биде изгласана интерпелацијата, тие не чувстуваат морална и професионална одговорност, ниту пак ќе си поднесат оставка.
Матеја Петровски
