Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

Полицијата ги уапси Соколот и Ѕверот

Отклучувале ќелии, ослободувале затвореници, а сега Соколот и Ѕверот можат да завршат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отклучувале ќелии, ослободувале затвореници, а сега Соколот и Ѕверот можат да завршат во нив.. Ексдиректорот Филип Андов познат под прекарот Сокол и неговата десна рака заповедник во затворот Сашо Крстевски – Ѕверот, се главните осомничени за незаконските случувања во Истражниот затвор Скопје. Според засега непотврдени информации, двајцата се уапсени и се наоѓаат во полициска станица, а МВР тресе повеќе локации и собира докази. Според првичните информации станува збор за организирана криминална група, составена од сегашни и поранешни затворски службеници, која делувала подолго време додека Андов беше директор на Шутка. Наводно, ослободувале затвореци кои се шетале слободно и кога сакале се враќале во затворот. Неофицијално се товарат за злоупотреба на службената положба, овозможување бегство и незаконско ослободување на затвореници.

  • Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР во координација со јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје“ изјави портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Според засега непотврдени информации, во тек е истрагата која треба да утврди дали и други лица биле инволвирани во оваа криминална мрежа, како и дали парите биле главниот мотив за нивните постапки. Истрагата, треба и да покаже како 100-тици телефони завршуваа кај затворениците, кои во изминатиот период беа запленети во повеќе акции на полицијата во ќелиите.

  • „Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје. Подетални информации во текот на денот“, се вели во соопштението на ОЈО ГОКК.

Инаку, Сокол беше именуван за директор на Истражниот затвор Скопје во 2020 година, а претходно му беше советник на тогашниот премиер Зоран Заев за креирање политики кои се од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје.

Реклама

За злоупотреби од поранешната структура, информираше директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, кој рече дека затворот во Шутка бил „хотел промаја“. Уште во јули сите докази кои ги собрале од тогашниот вонреден инспекциски надзор ги доставиле до полицијата и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Тогаш Андов демантираше и најави тужба за клевета.