Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Зеленски утре оди во Вашингтон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека утре, 28 февруари, ќе се сретне…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека утре, 28 февруари, ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во своето традиционално вечерно обраќање, украинскиот лидер рече дека оди во Вашингтон во потрага по гаранции за иден „мир и безбедност“:

„Ќе се сретнам со претседателот Трамп. За мене и за сите нас е од исклучителна важност да не се прекине американската помош. Потребна е сила на патот кон мирот“, коментираше шефот на државата.

Реклама

Володимир Зеленски ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за да потпише договор за споделување на минералните ресурси на неговата земја. Зеленски го опиша билатералниот договор како прелиминарен и рече дека сака дополнителни договори кои вклучуваат безбедносни гаранции за да се спречи нова руска агресија.

По посетата на Вашингтон, Зеленски се очекува да пристигне во Велика Британија во недела на разговори со британскиот премиер Кир Стармер, изјави претставник на британската влада.

Украинската влада синоќа одобри договор со САД за создавање Инвестициски фонд за обнова на Украина, кој ќе собира половина од државните приходи од рудниците и пристаништата во земјата.

Соединетите Американски Држави не ја поддржаа годишната изјава на Светската трговска организација со која се осудува руската агресија врз Украина, објави УНИАН, повикувајќи се на Ројтерс. Извор за агенцијата, трговски претставник во Женева, изјави дека тоа се случува за прв пат откако Русија ја нападна Украина, што е уште еден сигнал за промена на односите меѓу Москва и Вашингтон. Соопштението го потпишаа 44 земји-членки на Светската трговска организација, меѓу кои Европската унија, Обединетото Кралство, Канада и Австралија.

Во меѓувреме, Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја објави дека Северна Кореја испратила дополнителни војници во Русија. Се уште не е позната големината на контингентот. Дополнителните војници се распоредени на боиштата во областа Курск, каде руските сили се борат против украинските војници. Северна Кореја распореди повеќе од 11.000 војници во Русија. Украина и западните експерти тврдат дека руските сили користат и севернокорејско оружје.