Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Фридрих Мерц на средба со Макрон во Париз

Победникот на изборите во Германија, Фридрих Мерц, во Париз се сретна со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Победникот на изборите во Германија, Фридрих Мерц, во Париз се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон. Тема на доверливиот разговор – германско француските односи, но и односите со САД.

Три дена по неговата изборна победа, кандидатот на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) за канцелар Фридрих Мерц беше примен од францускиот претседател Емануел Макрон на доверлив разговор во Елисејската палата.

За време на тричасовната средба, двете страни покажале подготвеност да отворат ново поглавје во германско-француските односи, соопшти вечерта Унијата. Не беа соопштени детали од разговорот, а никаков коментар нема ниту од француска страна.

Реклама

Унијата зборува за голема согласност

Од Унијата се вели само дека дискусијата се одвивала во извонредно пријателска атмосфера и дека имало голема согласност за темите за кои се разговарало, како и бројни појдовни точки за заеднички иницијативи. Самиот Мерц на платформата Х на германски и француски јазик напиша: „Ти благодарам, драг @EmmanuelMacron, за твоето пријателство и твојата доверба во германско-француските односи. Заедно нашите земји можат да постигнат големи работи за Европа“.

Средбата меѓу кандидатот за канцелар и шефот на француската држава се одржа во вонреден термин, веднаш по изборите. За време на предизборната кампања, Мерц постојано најавуваше дека како канцелар ќе работи на подобри германско-француски односи. За време на средбата, Мерц и Макрон, покрај билатералните прашања, веројатно разговарале и за меѓународната ситуација.

Подготвеноста на Мерц за приближување

Лидерот на ЦДУ е цврст поддржувач на германско-францускиот мотор за понатамошен развој на Европа. Во минатото, тој постојано го обвинуваше актуелниот канцелар Олаф Шолц (СПД) за запоставување на односите со Париз. За време на мандатот на Шолц, постојано имаше тензии во германско-француските односи. Ова, меѓу другото, се должеше и на несогласувањата во владеачката коалиција во Берлин и многу различните личности на канцеларот и францускиот претседател.

Набргу по објавувањето на резултатите од сојузните избори, Макрон зборуваше за „историски момент“: „Може да има поблиска германско-француска соработка од кога било досега“, рече Макрон.

Во првите часови по неговата изборна победа, Мерц исто така покажа подготвеност за приближување до позициите на Макрон: на пример, во однос на зајакнувањето на одбранбените капацитети на Европа поради промената на курсот од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Макрон во средата (26.02) ги информираше шефовите на држави или влади на Европската унија за резултатите од неговата средба со Трамп во Вашингтон. На средбата учествуваше и германскиот канцелар Шолц.