Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Култура

Четири драмски текста се пријавени на Конкурсот „Горан Стефановски“

На објавениот конкурс за доделување на наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На објавениот конкурс за доделување на наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од македонски млад автор до 30 години, пристигнаа четири пријави.

Согласно Правилникот за доделување на наградата „Горан Стефановски“ формирана e Комисија составена од пет члена од редот на истакнати и компетентни лица. Од редот на вработените во НУ Драмски театар Скопје, за членови на Комисијата се именувани: Викторија Рангелова Петровска – драматург, Дејан Лилиќ – актер првенец и Димче Николовски – режисер асистент. Како надворешни членови се именувани Жанина Мирчевска – драматург и Венко Андоновски – теоретичар на театар/литература. Членовите на Комисијата се должни на првиот состанок да изберат претседател.

Мандатот на надворешните членови на Комисијата е две години со право на реизбор по поминати четири години од првиот завршен мандат, а внатрешните членови имаат право на реизбор на неограничен број пати.

Реклама

Комисијата е должна да ги оценува поднесените драмски текстови и постапката за избор на најдобар драмски текст од млад автор да ја спроведе во согласност со критериумите наведени во Правилникот. Пријавениот драмски текст покрај останатите критериуми треба да биде неизведуван и да биде оригинално авторско дело, а не драматизација или адаптација на романи, новели или мотиви на постојни драмски дела.

Авторот на наградениот драмски текст ќе биде објавен на прес конференција во пресрет на 27 април, денот кога бил роден Горан Стефановски. Добитникот на наградата ќе потпише Авторски договор со НУ Драмски театар Скопје согласно кој театарот се обрзува да го инкорпорира наградениот драмски текст во предлог-програмата на театарот и да го продуцира со изведба на малата сцена или на сцената „Ристо Стефановски“ во театарот во рок од две години сметано од денот на завршување на Конкурсот. Добитникот ќе добие еднократна парична награда во висина од 60.000,00 денари, а Авторот се обврзува да не го оттуѓува текстот поточно авторското право на други правни и физички лица сè до праизведбата во НУ Драмски театар Скопје.

На сцената на Драмски е поставена импресивна бројка од 15 премиери на Горан Стефановски почнувајќи од 1974 година кога се постави праизведбата на „Јане Задрогаз“ во режија на Слободан Унковски до праизведбата на „Огнени јазици“ исто така во режија на Слободан Унковски“ во 2013 година. Осум драмски текста се праизведбени постановки токму во Драмски театар.

Конкурсот има за цел да го негува сеќавањето на Горан Стефановски, да ја афирмира современата македонска драма, да го поттикне македонското драмско творештво и да го одржи континуитетот на македонското драмско писмо.