Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

Постапката за разрешување на Коцевски ќе потрае, Владата ја почна процедурата, утре на дневен ред на владина седница

Владата цврсто стои на ставот за разрешување на Љупчо Коцевски. Според најавите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата цврсто стои на ставот за разрешување на Љупчо Коцевски. Според најавите од Илинденска, на утрешната седницата најверојатно ќе се усвои предлогот за разрешување на Републичкиот обвинител, кој го спрема Министерството за правда, па оттаму ќе биде доставен до Советот на јавните обвинители. Дека процедурата нема да оди брзо потврди и премиерот Мицкоски.  

  • Законот е јасен, не можеме ние како влада да го разрешиме државниот јавен обвинител, туку ние можеме да отпочнеме постапка за негово разрешување, сега како што јас имам информација, треба да се испрати дописот до Советот на јавни обвинители, па таму во рок од 15 дена да чекаме мислење, така што оваа процедура ќе потрае, истакна Мицкоски.

Според досега објавеното, Владата бара разрешување на Коцевски поради нарушен углед на обвинителството, низа скандали, нарушена функционаност и незаокнско постапување и корупција, неефикасност и повреда на самостојноста на обвинителите.

Обвинителскиот совет има рок од 15 дена да се произнесат. Ако во тој рок обвинителскиот совет, поради оправдани причини не го достави мислењето до Владата, имаат време уште 15 дена да кажат дали републичкиот обвинител сторил тешка дисциплинска постапка, како што смета извршната власт. Ако воопшто не одговорат на предлогот на Илинденска, процесот за разрешување на Коцевски продолжува во Собранието, каде извесно е дека пратениците ќе го разрешат.

Реклама

Во законодавниот дом ќе треба да се избере и нов републички обвинител, но засега за наследник на Коцевски не се разговарало во владината коалиција. Сите партнери се согласни дека треба да биде професионалец, кој ќе ја врати довербата во правудството, што е и повеќе од катастрофална.