Реклама
Македонија

Форум електробус во организација на Машинскиот факултет и Stark Energy

Инвестициите во електричните возила се во голем подем ширум светот, а автобусите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестициите во електричните возила се во голем подем ширум светот, а автобусите на електричен погон ќе бидат доминантен вид на транспорт следните децении. Еу е еден од глобалните лидери во оваа транзиција и Македонија како земја која претендира да стане дел од европското семејство треба да фати чекор на овој план. Како тоа изгледа и што носи иднината беше претставено денеска на „Машинскиот факултет“ во Скопје каде се одржа форумот под името „Електробус“. Пред бројните присутни гости од академската заедница, амбасадата на Унгарија, Стопанските комори на Македонија и Унгарија, како и потенцијални купувачи од приватниот градски превоз во Скопје. Унгарската компанија Ikarus го претстави новиот модел на електричен автобус.