Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Лимани: Продолжуваме со промоција на зелени политики

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска учествуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска учествуваше на завршниот настан на проектот „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капитал во Македонија“, реализиран преку соработка со Германското друштво за интернационална соработка – ГИЗ и Зелениот климатски фонд. Проектот имаше за цел зајакнување на институционалните капацитети и поттикнување на одржлив и инклузивен развој во клучните области: здравство, образование, вработување и социјална политика.

Во своето обраќање пред присутните, Лимани изрази задоволство што овој проект ги постави темелите за поттикнување на зелени работни места и унапредување на политиките за социјална инклузија.

„Знаеме дека климатските промени имаат длабоки социо-економски последици, а нашата задача е да ги минимизираме ризиците и да обезбедиме еднакви можности за сите граѓани, особено за младите, жените и ранливите групи. Во овој контекст, важно е да истакнеме дека Националниот Акциски план за поддршка на развојот на зелено, климатски паметно, родово чувствително и инклузивно вработување, во клучните економски сектори во државата, содржи конкретни мерки за адаптација на пазарот на трудот кон зелената транзиција,“ истакна Лимани.

Реклама

Преку ревидирање на Националната класификација на занимања и вклучување на нови зелени занимања, се овозможува младите и ранливите групи да добијат пристап до квалитетни и одржливи идни работни места.

Дополнително, во согласност со планираните активностите од Националниот акциски план се овозможува:

∙ Интеграција на зелена агенда во програмите за вработување и преквалификација на невработени лица, со посебен фокус на младите, жените и ранливите категории;

∙ Воспоставување на механизам за следење и транспарентно објавување на резултати од вклучени НЕЕТ млади (млади кои не се ниту во образование, ниту во вработување) во зелени вработувања;

∙ Развој на социјалните услуги во функција на вклучување во климатски паметни и инклузивни работни места, при што ќе се поттикне социјалното претприемништво како важен елемент на зелениот развој;

∙ Кампањи за подигнување на јавната свест за потребата од зелени вештини, со цел поттикнување на нови генерации да се насочат кон зелени занимања и одржливи професии;

∙ Промоција на родово одговорно буџетирање во климатските политики и политиките за вработување, со што ќе се осигураат правични финансиски алокации за жените и маргинализираните групи и

∙ Развој на програми за зелено претприемништво и иновации, кои ќе обезбедат поддршка за стартапи и мали бизниси ориентирани кон одржливи технологии и практики.

„Нашата заложба е да создадеме политики кои ќе ги поврзат образовните програми со реалните потреби на работната сила, обезбедувајќи можности за преквалификација и унапредување на вештините,“ порача Лимани.

Тој посочи дека Министерство за социјална политика, демографија и млади, останува посветено на промоција на зелени политики, поддршка на социјално-инклузивниот раст и создавање можности за нови генерации.