Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Нова кривична за Перпарим Бајрами: Закупувал објекти кои не и се потребни на Лотарија по најмалку двојно повисока цена

Перпарим Бајрами плаќал двојно поскапа кирија од пазарната цена за деловен објект…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Перпарим Бајрами плаќал двојно поскапа кирија од пазарната цена за деловен објект кој воопшто и не бил прилагоден за потребите на Државна Лотарија.

Ексдиректорот на државните игри на среќа, кој е во бегство, го оштетил буџетот за нешто над 400 илјади евра. Според најновата кривична пријава против него,  Финансиската полиција, го товари дека закупил простории неадекватни за Лотарија и тоа по повисока пазарна цена за метар квадратен.

Имено, Бајрами, во својство на директор на 05.07.2023 година склучил договор за закуп на административно – деловен простор со правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје, за деловни простории кои не биле адатпирани и спремни за користење за потребите на Лотарија, и тоа по цена најмалку два пати повисока од реалната пазарна цена и со склучениот договор за закуп на деловни простории не биле запазени посебните услови од јавниот повик, односно, објектот е со поголема површина од бараното и не било опфатено дворното место кое претставува посебен услов предвиден во јавниот повик, се наведува во пријавата.

И не само тоа, туку Перпарим Бајрами предвидел и отпочнал јавна набавка со износ од милион и 300 илјади евра за реновирање и реконструкција, што би претставувало дополнителен трошок за државна лотарија, информираат од управата за финансиска полиција. и додаваат дека по склучување на спорниот договор, бајрами на фирмата „хеј дооел скопје“  и исплатила, над 24.6 милиони денари.

Инаку ова е веќе трета кривична пријава за Прпарим Бајрами, претходните две му се од декември минатата година. Првата заедно зедно со Артан Груби за проневера на осум милиони евра. Втората пак за склучени договори со кумановската Ритрон груп за набавка на апарати за коцкање, кои стојат во магацин, а Лотарија за нив плаќа кирија.