Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Серија средби на македонската делегација на вториот ден од Минхенската безбедносна конференција

Заложби за напредок на Македонија на патот кон Европската Унија, за унапредување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заложби за напредок на Македонија на патот кон Европската Унија, за унапредување на стратешкото партнерство со сојузниците од НАТО, зајакнување на соработката во областа на стабилноста, и соочување со предизвиците во Европа и регионот на безбедносен план – ова се главните пораки кои премиерот Христијан Мицкоски ги истакнал на средбите кои до сега ги оствари во рамки на неговата посета на Минхен.

Како што информираа од владината прес-служба, Христијан Мицкоски оствари средба со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, Кристоф Хојзген. Шефот на македонската влада истакнал дека стабилноста на Западен Балкан е клучна за европската безбедност и дека ќе продолжи да работи на продлабочување на билатералните и мултилатералните односи во оваа област.

Премиерот Мицкоски ја истакна заложбата за унапредување на стратешкото партнерство со сојузниците од НАТО и потребата за напредок на патот кон Европската унија, како и за активната улога на земјата во регионалната безбедносна архитектура. Двете страни се согласија дека соработката е клучна за справување со глобалните предизвици и дека иднината на регионот е во одржлив развој, економски просперитет и сигурност за сите граѓани, информира од владината прес служба.

Реклама

Мицкоски се сретна и со хрватскиот колега кому му се заблагодарил за континуираната поддршка за македонските евроинтеграции и истакнал дека владата е посветена на реформите, за да се забрзаат пристапните преговори.

Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата останува посветена на реформските процеси со цел забрзување на пристапните преговори.Премиерот Пленковиќ ја потврди поддршката на Хрватска на патот кон Европската унија, истакнувајќи дека стабилноста и развојот на регионот се од заеднички интерес, информираа од владината прес служба.

Министерот за одбрана Мисајловски пак, се сретнал со заменикот помошник секретар за одбрана на САД Дејвид Бејкер. Разговарале за регионалната и глобалната безбедност како и за модернизација и опремување на македонската Армија.

Се очекува средба и помеѓу македонскиот и бугарскиот министер за надворешни работи.

Во текот на денот премиерот Мицкоски ќе се обрати на панел дискусија во рамки на Минхенската безбедносна конференција и ќе зборува на теми од облста на геополитиката, енергетската сигурност и промените на глобално ниво.

Вчера, Мицкоски се сретна со претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта со кого разговарал за европските интеграции, напорите и отстапките кои досега ги има направено Македонија. Мицкоски му порачал на Кошта дека заслужуваме да одиме напред и веќе никогаш да не бидеме заложници на билатерални спорови и препреки.