Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Вандализиран „Жена паркот“ во Скопје, Герасимовски бара законски измени за казнување на сторителите

Превртени и искршени клупи и канти за отпад – ова е сликата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Превртени и искршени клупи и канти за отпад – ова е сликата во „Жена парк – Борец“, симболот на Скопје во центарот на градот откако беше мета на вандали.

Фотографиите кои Скопјани ги споделуваат на социјалните мрежи го прикажуваат просторот, кој наместо да служи за релаксација, претставува слика на неодговорност и вандализам во строгиот центар на Скопје.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски бара неговата иницијатива за вршење општокорисна работа на малолетниците кои вандализираат во најкус можен рок да се преточи во закон, со цел да се намалат ваквите девијантни појави во општините.

Реклама

„Очекувам во најбрз рок нашата иницијатива да се преточи во закон, барам поддршка од сите пратеници да ги поддржат новите законски измени за да може да го спречиме вандализмот во општините. Еве повторно, гледаме вандализам во центарот на градот, кај „Жена парк – Борец“ кадешто се скршени и откорнати клупи со расфрлан отпад. Ова мора да го стопираме“, вели Герасимовски.

Иницијативата на Општина Центар беше едногласно прифатена на последната седница на управниот одбор на ЗЕЛС и со неа се предвидува да се направат измени на постоечките законски решенија со кои освен малолетниците, и нивните родители ќе треба да вршат општокорисна работа доколку нивните деца се фатени како вандализираат.