Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Родителите на убиената Емилија од Штип: Ја користеше јадејќи и ги парите во казино, сакаме доживотна затворска казна

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов, побараа обвинителството, адвокатите и семејството на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов, побараа обвинителството, адвокатите и семејството на Емилија Пешева, која лани на 1ви ноември, беше убиена од Зејнелов, нејзиниот партнер. Скршени од тага со слика во рацете, родителите на убиената Емилија, во судницата во Штип, кадешто денеска почна судењето, немо со солзи во очите го слушаа, обвинението против 3 2годишниот маж. Велат, изрекувањето на доживотна казна е единствен начин да им се залечи болката по изгубената ќерка.

„Кога ќе стане ќерка ми од гробот, тогаш тој нека излезе од затвор. Според мене така е најпреавилно да суди судијата. Тој со умисла ми го отепа девојчето. Многу ја тепаше, малтретираше, го пријавуваме, но кога ќе одевме на суд тој ќе ја пречекаше и пак ја тепаше. Таа кажа, мамо ќе одам да му раскинам. И реков немој, ќе се случи лошо. И реков да ме почека, но таа замина. Како мајка, почувствував дека нешто лошо ќе се случи„ изјави Џемиле Сала, мајка на Емилија Пешева.  

Во судницата Зејнелов, го призна делото  и рече дека го сторил поради неверство. Изрази сочувство и се кае за стореното. Но, за таткото на Емилија тоа се само празни зборови кои излегуваат од уста на убиец кој  сака  само да му се умилкува на судот.

Реклама

„Тоа што се кае, не го прифаќам. Тоа е негова измислица. Тој е монструм, ладнокрвно животно. Едно маче или куче не можеш да отепаш, а камоли човек. Ни остави дете, внуче-сираче да чуваме. Ја нема повеќе Емилија, тешко, голема болка имам..неопишлива„ изјави Слободан Пешев, татко на убиената Емилија.

Според кажувањата на родителите Зејнелов ја искористувал, со тоа што и ги земал парите  од негата и детскиот додаток и ги трошел на комар. Според истрагата, на кобниот ден околу 18 часот Зејнелов и Пешева се сретнале пред нејзиниот дом и отишле во напуштениот објект на ЈП Исар за да разговараат. Набргу разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот со тупаници физички ја нападнал. Откако паднала на земја, тој почнал силно да ја стега во пределот на вратот, по што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот, го напуштил местото, а потоа сам се пријвил во полиција. Пресудата ќе му биде изречена во среда.