Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Прилози

Клиничкиот центар доби нова компресорска станица

Клиничкиот центар доби нова компресорска станица. Нема пречки за операции во хируршките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клиничкиот центар доби нова компресорска станица. Нема пречки за операции во хируршките сали. По 9 месечен застој во хирушките блокови, проблемот е надминат. За набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух на комплексот клиники чини 21.2 милиони денари.Министерот за здравство е задоволен што е решен децениски проблеми во здравствениот систем и уверува дека полека но сигурно македонското здравство ќе застане на здрави нозе.

“Со новата компресорска станица се покриени сите 18 хируршки сали на Хирургија, исто така салите во ОРЛ и Офталмологија и максилофацијална хирургија. Комплетниот систем е тестиран 10 дена, се функционира како што треба и од денес веќе и официјално се користи“, рече денес министерот Таравари.

Колапсот на хируршките клиники настана во мај минатата година кога беа затворени сите сали, а на стотици пациенти им беа одложени операциите. Сите итни случаи одеа во ГОБ 8ми септември и клиниката Свети Наум Охридски. Надлежните изнајдоа и преодно решение, со помош на надворешни компресори хирурзите почнаа да оперираат.

Реклама

И додека целиот притисок е врз Клиничкиот центар, здравствените власти размислуваат ГОБ „8 Септември“ биде регионален центар, кој освен Скопје ќе ги покрива и Куманово и Велес, или пак да остане втора клиничка болница во Скопје.

На прашање до кога ќе биде паузирана изградбата на нов клинички центар, Таравари одговори дека за 2025 нема таков план.

Нов клинички центар најавија неколку претходни влади, но ниту една досега не почна да го гради. Како алтернативно решение владата на Мицкоски го предлагаше спојувањето на клиниките во рамки на Клиничкиот центар во Скопје.