Реклама
Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Бројни сомнежи за местење на судски предмети и злоупотреби на АКМИС системот

Се заташкаа сериозните обвинувања за злоупотреби на системот за автоматска распределба на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се заташкаа сериозните обвинувања за злоупотреби на системот за автоматска распределба на предмети во Управен? Кој го заштити актуелниот прв човек на Управниот суд Бурим Сејдини? Како Министерството за правда во време на Кренар Лога и членот на Судскиот совет Селим Адеми кој се противеше да се формира комисија за злоупотребите на Акмис системот, го спасија првиот човек на Управен од одговорност?

Пред само шест години за исти вакви сомнежи поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, беше осуден на две и пол годишна затворска казна која веќе ја отслужи.

Така пред речиси речиси седум години комисијата на министерот за правда Биљен Салији кој беше дел од Владата на Зоран Заев, утврдуваше рачно местење на предмети.

Реклама

Иста таква комисија во време на министерот Кренар Лога работеше сосема поинаку. По пријавите од вработени во Управниот суд дека актуелниот претседател Бурим Сејдини рачно местел предмети, единствено што утврди комисијата е дека имало недостаток на информатичари во судот.

Според извештајот, злоупотребите на АКМИС системот не ни биле предмет на истрага.

Во судот се пополнети 27 судиски места, од 33 судиски места кои се предвидени. До Судскиот совет на Република Македонија било доставено барање на пополнување на три испразнети судиски места, но се уште не добиле одговор. Во судот недостасуваатс стручни соработници и административно технички персонал.

Судскиот совет есента 2023 –та формираше комисија која што ја предводеше Селим Адеми кој е избран за член во Собранието по предлог на ДУИ, а актуелниот претседател на Управен Сејдини е поранешен секретар на Општина Зајас.

Адеми беше најгласен за да се одложи формирање на комисија за проверки на Управен, па летото 2023 –та и избрка новинарите бидејќи прашуваа зошто одлагаат и не го суспендираат претседателот кој може да влијае врз докази.

Инаку претседателот на управен, Бурим Сејдини, се побрзува со ДУИ и партскиот врв преку Зајас, родното село на Али Ахмети. И тој и лидерот на интегративците имаат родни куќи таму што може да се види и од нивните анкетни листови.

За исти сомневања и местенки на предмети, Владата на Заев и неговиот министер за правда излегоа со извештај по кој поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски одлежа две и пол годишна затворска казна за злоупотреби на АКМИС системот.

Тогаш парадирајќи пред медиумите, Комисијата на Министерството влезе во Судот, а Специјалното обвинителство во домот на Панчевски.

Политичката хајка против неистомислениците во судството отиде дотаму што во целата работа се вмеша и поранешната вицепремиерка Радмила Шекеринска која објаснуваше што наводно правел Владимир Панчевски.

За разлика од сега, тогаш за АКМИС системот имаше толкава помпа од негативни изјави, што имун не остана ниту поранешниот премиер Зоран Заев.

Бурим Сејдини се уште е претседател на Управен суд.