Реклама

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Koрупција, нефункционални закони, менталитетот – Што ја спречува правдата во Македонија?

Корумпиран систем, нефункционални закони или македонски менталитет? Зошто во државава со врски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корумпиран систем, нефункционални закони или македонски менталитет? Зошто во државава со врски се завршува буквално се. Од обични шалтерски работи, па се до избегнување на прекршочни, но и затворски казни. Македонија како земја која што одамна чека преговори за да влезе во Европската унија, има закони по европски терк, но за разлика од Европа кај нас многу често вешто се избегнуваат. Експерти предупредуваат дека проблемот е во луѓето и системот. Директорот на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски во изјава за Алфа реагира дека се е до менталитетот:

Проблемот со македонскиот менталитет и нефункционалноста на законите, социологот Илија Ацевски го лоцира во системот на државата изграден пред многу години. Тој вели дека на граѓаните им е познато дека со луѓе и врски се што сакаат може да добијат. Зошто граѓаните би се воздржувале од прекршоци кога знаат дека можат да избегнат одговорност, прашува Ацевски. Социологот вели дека има решение, со удирање по џебот тие ќе почнат да внимаваат и да почитуваат.

Во однос на македонското правосудство, во последниот извештај на ОБСЕ се посочува дека судовите се полни со случаи во кои одлуките се носат без јасни критериуми и објаснувања. Исто така, судските процеси траат со години, а во многу случаи, кога е во прашање влијателен обвинет, доказите „чудесно“ исчезнуваат, а сведоците се повлекуваат.

Реклама

Во извештајот на ОБСЕ не изостанува ниту практиката со „нарачани вештачења“ во судските постапки. Стои дека вештачењата  го поткопуваат владеењето на правото бидејќи парите и врските можат да ја променат вистината.

Досега видовме безброј примери на случаи каде што обвинети за тешки кривични дела не се приведуваат веднаш, туку им се остава време да ја напуштат државата или да договорат поблаги казни.

Во македонскиот судски систем владејат привилигиите, а не правото, стои во Извештајот. Реалната слика на македонското општество е дека врските и привилигиите се дел од секојнедвниот живот, а тоа ја руши правдата во Македонија.