Реклама
Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Политиката на неказнивост промовирана од политичко-судската спрега носи трагедии како таа со Фросина

Пајак нападна полицајка, само шест месеци условно за сообраќајна несреќа со смртни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пајак нападна полицајка, само шест месеци условно за сообраќајна несреќа со смртни последици, 3 години за прегазена девојка на пешачки, воспитна мерка за дилање на дрога – политиката на неказнивост што ја промовираше политичко-судската мрежа во изминатите години доведе до тоа да ни се случуваат трагедии како оваа поседната со убиството на младата Форсина. Закони имаме, но пробелмот е што не се спроведуваат. Според експертите, дури да се имплементирале и најлошите законско решение, би било подобро и би имало помали последици отколку нивно целосно непочитување или кршење. Според нив, државата треба да се насочи кон сузбивање на таквите состојби.

  • Промовиран е еден  систем на неказнивост  како правило на однесување, наместо да биде обратно. Треба да биде промовиран систем на законитост и казнивост на секој сторител за било какво казниво дело, така како што е наведено во законот. Законите ќе се унапредуваат, меѓутоа не се проблем законите“ вели поранешниот министер за правда, Михајло Маневски.

Години наназад, јавноста сведочи на бројни ситуации во кои сторители кривични дела со смртни последици се спогодиле или била пресудена минимална казна. Две години затвор за убиецот на 32-годишниот Гоце и неговото неродено дете. Три години доби возачот која ја прегази 24-годишната Викторија кај Сити мол, а исто толку доби и кумановката Гордана Филиповиќ, која го прегази 76-годишниот Слободан Ангеловски кој на мостот „Гоце Делчев“. Гостиварското обвинителствто се спогоди за неверојатни 6 месеци за Зоран Милевски Кичеец кој беше виновен за сообраќајката кај Стража со смртни последици. Маневски оценува дека тоа се низа апсурди на правосудниот систем кои ги зголемува гневот кај јавноста.

  • Си зедоа за право одредени моќници во општеството, да бидат над законите. Никој не може да биде над законите и секој треба да одговара за тоа што го сторил. Ние гледаме какви се состојбите. Со зборови не се води само битка. Каде се институциите, јавниот обвинител, судовите, па во одредена мера и органите за внатрешни работи. Мора да се сузбие она, ќе направам нешто, ама некој ќе ме влече и ќе ме извлече. Катастрофа е тоа… “ вели поранешниот министер за правда, Михајло Маневски.

Брзината на постапување и корумпираноста беа детектирани како најголем проблем на судството со најниска оценка во последнат анкета. Непостапувањето и спороста, според министерот Филков отвора можност утре да има исти или слични случаи. Според него, правосудниот систем мора да се менува од корен, однадвор, но и одвнатре и нема да се  дозволи неказнивост и недопирливост.