Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Министерот Минчев упати честитка по повод 4-ти Февруари- Денот на раѓањето на Гоце Делчев

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 4-ти февруари, денот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 4-ти февруари, денот на раѓањето на големиот револуционер и визионер Гоце Делчев, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

-Денес, оддаваме почит на човекот кој беше пред своето време – Гоце Делчев, симбол на борбата за слобода, правда и национална свест.

Неговата визија за „свет како поле за културен натпревар меѓу народите“ останува инспирација за сите нас.

Реклама

Како министер за јавна администрација, го нагласувам значењето на неговите идеали во создавањето на ефикасни, транспарентни и демократски институции, кои работат во интерес на граѓаните и иднината на нашата држава.

Нека овој ден биде потсетник дека реформите, интеграцијата и напредокот се наша заедничка одговорност.

Да продолжиме да градиме силна, модерна и европска Македонија, во духот на принципите за кои Гоце Делчев се залагаше.

Министерството за јавна администрација останува посветено на унапредување на институциите во духот на вредностите што Гоце Делчев ги промовираше – слобода, еднаквост и градење на иднината со визија и одлучност.