Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Лашкоска: Грижата за водите е одговорност на секој од нас, бидејќи сме дел од заедничкиот простор во кој живееме

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска имаше воведно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска имаше воведно обраќање на финалниот настан на кој беа презентирани резултатите и постигнувањата од проектот „Младински активизам за одржливи реки: Заштита и зачувување на биодиверзитетот на реката Треска“.

Проектот го спроведува Аналитика – Скопје со поддршка на Амбасадата на Канада за Србија, Македонија и Црна Гора, а негова цел е да иницира конкретни акции за подобрување на состојбата со водата на реката Треска, како и заштита на локалната флора и фауна, преку воспоставување на партнерства помеѓу младите, граѓанските организации и локалните и националните власти.

Заменик министерката Лашкоска го поздрави вклучувањето на младите во вакви истражувачки проекти:

Реклама

„Овој проект овозможи учење на техники за собирање податоци од терен, анализа на примероци и мерење на параметри на водата и животната средина. На ваков начин, младите преку конкретен пример се подготвуваат за идните професии поврзани со животната средина, истражувачката и научната работа“, рече таа.

Лашкоска истакна и дека со оглед на тоа што за реката Треска претходно не се работени други истражувања, овој проект треба да претставува поттик и идеја за идни активности.

„Заштитата и зачувувањето на биодиверзитетот на реката Треска од една страна возможува согледување и свесност за влијанијата на човековите активности врз квалитетот на речните води, живиот свет и биодиверзитеот на реката, а од друга страна, го зголемува знаењето и свесноста за вредноста и комплексноста на животната средина и за потребните и можни активности за да се заштити и зачува ова природно богатството“, додаде заменик министерката.

„Она што дополнително го прави овој проект и оваа анализа вредна за внимание е што во себе го содржи и делот на подигање на јавната свест и одговорноста на секој подинец, бидејќи на крајот на денот грижата за водите не е единствено одговорност на државата и институциите, таа е одговорност на секој од нас, бидејќи сите сме дел од заедничкиот простор во кој живееме“, рече Лашкоска.

Во рамки на настанот се одржа и панел дискусија со наслов „Патот кон зачувување на Треска“ на кој беа споделени резултатите од истражувањето и беше остварено заедничко планирање на идните чекори за подобрување на состојбата на реката Треска, а на настанот учествуваа експерти, професори, претставници од Амбасадата на Канада, претставници од невладини институции, како и младински активисти кои се активни во полето на зачувување на природните ресурси, борбата против загадувањето и заштитата на водните екосистеми.