Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Пациентите да ги пријавуваат лекарите митаџии и да им се одземе лиценцата, повикува министерот Таравари

Битолскиот хирург кој се товари за примање поткуп заработи 8 дневен притвор.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битолскиот хирург кој се товари за примање поткуп заработи 8 дневен притвор. Оваа мерка за него била потребна поради опасност од бегство. Докторот, кој е  пред пензија, е разрешен од раководната функција во болницата и е суспендиран од работата додека трае постапката против него.

Скандалот со лекарот, кој беше фатен со мито од 150 евра,  за министерот Таравари е недозволив и срамен. Поткуп во здравството има, но за тоа мора да има докази вели тој, и ги охрабрува сите кои биле принудени да дадат пари “под рака” за да добијат здравствена услуга да пријават во надлежните институции. Ставот на Таравари е дека Лекарската комора треба да му ја одземе лиценцата на 64 годишниот хирург, но очекува за случајот да има и судска одлука.

„Јас ги охрабрувам сите кои што имаат факти да ги донесат или кај нас или во МВР или кај раководителите на клиниките. Каде било да пријават тука сме да ги слушнеме и да провериме дали е вистина тоа што го кажуваат. За Битола имам точни информации. Директорката пред неколку дена беше известена од моја страна за одредени жалби за еден доктор. Сега не би сакал спомнувам имиња тука, но вакви акции секако дека ќе продолжат“, рече министерот Таравари.

Реклама

До кабинетот на Травари имало повеќе пријави и информации за злоупотреба на дополнителната дејност која им е дозволена на лекарите, па тие пациентите кои ги прегледуваат на државно, за побрзо да бидат оперирани ги повикуваат попладне кога работат приватно.

“Имаше уште еден обид да се види дали се случуваат вакви злоупотреби за време на редовното работно време да се работат пациенти кои треба дополнително да се работат. Ние го даваме нашиот максимум, вработувања, колективен договор, покачувања на плати и бараме од медицинскиот персонал, медицинските екипи да бидат коректни и да ја вршат својата должност така како што треба“, вели министерот.

Битолскиот хирург кој беше фатен како прима мито, направил операција на жолчка кај жена, и индиректно од синот побарал 150 евра за интервенцијата за да се почасти. Но пред два дена кога ги примил парите не знаел дека се обележани и полицијата го фатила на лице место.