Реклама

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Македонија

Петрушевска: Правиме сериозни напори демографските прашања да ги ставиме меѓу врвните приоритети

Пратеничката во Собранието на Република Македонија, Марија Петрушевска се обрати на Парламентарното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката во Собранието на Република Македонија, Марија Петрушевска се обрати на Парламентарното Собрание на Совет на Европа, велејќи дека во време кога бројките за наталитетот се во минус, а бројот на млади кои се иселуваат во плус, правиме сериозни напори демографските прашања да ги ставиме меѓу врвните приоритети.

„Бројни анализи од оваа област, укажува на загрижувачки и песимистички сценарија за негативни ефекти од стареењето на населението врз економските системи во целина.Многу земји во Европа се соочуваат со значителни промени поради стареењето на населението, а и нашата земја не е исклучок од оваа тенденција. Како и многу земји во нашиот регион и во Европа исто и ние, се соочуваат со предизвици да ја задржиме нашата високообразована работна сила и да ги заштитиме економските интереси на земјата. Спроведовме мерки од подигнување на студентскиот стандард до создавање на подобри услови и можности за вработување. Го усвоивме историски најголемиот буџет за Министерството за образование и наука со цел да го придвижиме процесот во вистинската насока“, потенцира во обраќањето.

„Еден од најважните услови за подобрување на демографскиот имиџ е стабилноста и безбедноста на работните места и создавањето нови можности за вработување, особено за младите, со приход што ги покрива трошоците за месечната кошничка на просечниот потрошувач и трошоците за детска грижа. Домувањето како едно од најважните прашања за младите е исто така во нашиот фокус и креираме политики за субвенционирање на (социјалните) станови за млади брачни парови. Демографска обнова и задржување на младите дома е приоритет на Владата и парламентарното мнозиниство“, додаде Петрушевска.