Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Бизнис

Стопанските комори очекуваат експресно да се потпишат договорите за парите од унгарскиот кредит

Бизнисот подготвува проекти и чека на финализирање на процедурата за евтините кредити…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнисот подготвува проекти и чека на финализирање на процедурата за евтините кредити од Унгарскиот заем.  Стопанските комори очекуваат дека за краток период Развојната Банка ќе ги потпише договорите со комерцијалните банки, по што ќе стартува процесот на аплицирање, па банките ќе ги анализираат проектите. Според компаниите добро е што акцент се става на производствените капацитети, и не гледаат ништо спорно во тоа што се проширува опфатот.

Ние искрено се радуваме на овој чекор , во вистинска насока да имаме евтини пари на располагање. Самата министерка спомена дека ќе бидат производствени, и се проширува опфатот што е во ред, но есенција ќе бидат тие компании, вели Горан Ѓорѓиевски од Сојузот на стопански комори

И од Стопанската комора на Македонија го поздравуваат чекорот за поддршка на компаниите и очекуваат дека нема долго да трае последната фаза .

Реклама

Очекуваме дека последната фаза ќе оди без проблеми, сметаме дека банките нема да бидат кочници, парите брзо ќе бидат ефектуирани. Чекаме да бидеме информирани за критериумите , велат претставници од комората во телефонски разговор за Алфа.

Компаниите сметаат дека на овој начин ќе се поттикне инвестицискиот циклус и тие порачуваат дека вакви потези државата треба да прави и во иднина.  За нив е добро што конечно добиваат подолг рок на отплата.

„15 години рок на отплата, ова е пробивање на мразот, скоро сите комерцијални банки ги имаа спакувано кредитите во 10 години, сметаме дека може да се оди и на 20 години рок на отплата кога се оди на стратешки проекти. Има интерес за овие кредити, и се надеваме дека ќе има доволно финансии, а за идните години зошто ова да не биде повторено, вели потпретседателот на ССК Горан Ѓорѓиевски

Премиерот очекува дека во следните денови ќе биде потпишан договорот со развојната банка и комерцијалните банки со што парите ќе влезат во стопантвото. Владата очекува раздвижување на економијата и инвестициски циклус од 300 милиони евра, а со вложување во проекти во општините и во бизнисот се очекува раст на БДП.

–Очекувам ова да помогне, да создаде инвестициски бран од минимум 300 милиони евра. Потоа проектите во општините кои што се еден инвестициски бран, реализирање на капитални инвестиции од 250 милиони евра, тука би ги додал и надворешните вложувања, странските инвестиции кои очекувам да натфрлат една милијарда со што ќе бидеме по глава на жител и по поцент од БДП најдобри во регионот- повторно да се вратиме по тие патеки, додаде Мицкоски.

Договорот за заем со Унгарската експорт-импорт банка беше потпишан во октомври во Будимпешта. Кредитот е во висина од 500 милиони евра со каматна стапка од 3,25 отсто, со период на отплата од 15 години, односно вклучен грејс период од три години. 250 милиони евра се неменети за бизнисот, а 250 за проекти во општините.