Реклама
Прилози

„Во Фокус“ на Алфа: Како да се врати довербата во судско обвинителскиот систем?

Листата на судии и обвинители кои го урнисаа судството и ја стопија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Листата на судии и обвинители кои го урнисаа судството и ја стопија довербата на граѓаните е долга. Судијата Пајазити кој му дозволи на УЧК командантот Блерим Рамадани да избега  удобно си седи во фотелјата како заменик на шефот на Кривичен, Иван Џолев.

Енвер Беџети за кого САД тврди дека зел мито и чувал предмети во фиока, велешката судијка која со фалсификати додели дуќан, врховниот судија што зема мито и лежи во затвор, а син му суди во скопскиот Кривичен суд. Членот на советот на обвинители, Иџет Мемети кој поткупот од 10.000 евра требаше да го подели со врховниот судија.

Добрила Кацарска која македонските бранители од случајот 27 април со пресуда ги обележа како терористи, а сега дели правда во Уставен суд.

Реклама

На иста фотелја да седне имаше амбиција и екс државниот обвинител Јовевски откако во неговиот мандат ги протурка сите постапки на политички прогон. И заспаниот актуелен државен обвинител, Коцевски, кој од зимски сон го разбудија Американците. И самите судии не му веруваат на Судски совет, покажаа анкетите спроведени во судовите.

Судскиот систем е во бездна, бидејќи граѓаните се соочуваат со корупција во судниците, но и поради скандалите коишто го тресеа системот, коментира претседателот на Транспаренси Интернешнл Благоја Пандовски.

„Граѓаните ја чувствуваат нефункционалнлста и корупмпираноста на судството и судскиот систем преку сопствените искуства. Значи секој од нас понекогаш во животот имал потреба да оствари некое право пред суд имал потреба да се заштити од нешто пред суд и кога не можел да го оствари тоа право иако во законот точно му стоело дека тоа право му следува, истиот се почвуствувал опесправено од овој судски систем. Скандали поврзани со влијнието на другите власти во судството, на политиката во судството. Ја знаеме онаа изјава на претседателката на Врховниот суд во која што јавно кажа дека има политички притисоци врз Врховниот суд. Голем број на скандали поврзани со судскиот совет“, рече Благоја Пандовски, претседателот на „Транспаренси Интернешнл“.

Реформи, ветинг и чистка, нови законски решенија и имплементација на препораките на Оценската мисија што влезе во Судски совет кои не носат никакви суштински промени. Тие само ги заоструваат критериумите за избор на членовите на Судски совет. Постои ли начин како македонското правосудство може да закрепне и граѓаните да почнат да им веруваат на судиите и обвинителите.

„Тоа е многу тешко прашање. На ова прашање не одговориле толку луѓе во текот на сите овие години меѓуитоа генерално јас мислам дека треба да се насочиме во два правца. Прво да се разрешат оние судиите на кои местото не им е таму. Секој оној судија кој не поседува човечки квалитет, интегритет, треба да биде разрешен, односно не му е местото да биде судија. Посистематско и помудро менување на законите кои директно го засегаат судството“, изјави Благоја Пандовски претседателот на „Транспаренси Интернешнл“.

Години наназад Македонија во сите извештаи на ЕК е критикувана за недовербата на граѓаните во судството и високиот степен на корупција. Дополнително, Европската комисија критикуваше и за измените на Кривичниот законик со кои голем број на предмети со висока корупција застареа.

Последно Стејт департментот посочи корупција во судските кулоари. Црната листа на САД за првпат стави име на судија за кои се сомневаат дека е вмешан во корупција. Исто така, тие посочија дека невозможно е македонските институции  досега да не ја виделе корупцијата во судските редови. 

Допрва, Владата ќе мора да најде начин како ќе ја врати правдата. Уште потешка нејзина задача е враќањето на довербата кај граѓаните, бидејќи изгубена доверба многу тешко се враќа.