Реклама
Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Реформите во Судскиот Совет мора да почнат од актерите кои ја урнаа довербата во него

Актерите кои ја урнаа довербата на 2 проценти не може да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Актерите кои ја урнаа довербата на 2 проценти не може да го враќаат кредибилитетот на Судскиот Совет како институција. Власта решителна да донесе реформи во правосудниот систем кои ќе дадат резултати директно за граѓаните.

Владејачкото мнозинство тврди дека нема да брза со собраниските постапки за Судскиот и Советот на ЈО, но Македонија треба итно да добие независни институции кои ќе можат ефективно да се борат со корупцијата и има владеење на правото, смета пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДОМНЕ.  Ова доаѓа по најавите дека до крајот на овој или наредниот месец, Собранието ќе одлучува за евентуалното разрешување на петте членови на Судски совет кои беа именувани и изгласани од пратениците. 

  • Свесни сме дека и ЕК, гледаме дека и во дел од опозицијата постои една нота на загриженост по однос на најавите од потребата за една темелна реформа во однос на СС и Советот на ЈО. Како што забележувате ние како парламентарно мнозинство имаме капацитет да постапиме во тој правец и да преземеме одредени поконкретни чекори, но ги уважуваме овие забелешки, имаме одрена доза на воздржаност по ова прашање во овој монмент инаку морам да напоменам како моја сугестија и до ЕК и до претставниците на опозицијата, нашата проценка, особено на Републичкиот СС, тешко дека ќе стигнеме до подобри резултати доколку истите актери кои што го спуштиле нивото на рејтигот на оваа институција на најниски скали останат на истите позиции“ потенцираше Антонијо Милошоски – Претседател на Комисијата за европски прашања.

Само со темелни реформи, во меѓународните извештаи ќе се евидентира напредок во спротивно правосудството ќе тапка во место.

Реклама
  • Затоа сметам дека не еден монтирен начин треба да направиме заедничка темелна реформа на оваа институција доколку сакаме во следниот извештај на ЕК за Македонија, да имаме подобри оценки. Се сомневам дека со истата екипа ќе можеме до подобри оценки во кредибилитетот на оваа институција. Има одредено време да размислиме за ова, на тоа време се приближува кон крајот за да размислиме за овие реформи, но реформите според мене се нужни“ вели Милошоски.  

Опозицијата согласна дека се потребни реформи во правосудниот систем, а сега признава и дека згрешиле со измените во Кривичниот законик што дополнително ја урниса довербата во судството.

  • Борбата со корупцијата потенцирано дека е многу широко распространета во многу области и предизвикува сериозна загриженост. Од клучно значење е ДКСК, која што треба да делува на ниво на профисионализам, интегритет и независност. И таа нејзина работа треба да ја поддржиме. Измените на КЗ од септември 2023 година ја ослабнаа правната рамка и негативно влијаеја на борбата со корупцијата. Многу тековни случаи беа прекинати или поради рок на застареност или конкретни прекршоци како што е злоупотреба на службената должност при јавните набавки веќе не постојат и во таа смисла треба да бидеме целосно посветени годинава да донесеме КЗ во согласност со правото на ЕУ и народните стандарди“ рече Филипче – Претседател на Националниот Совет за ЕИ.

Инаку, во Законодавниот дом во тек се консултации и дискусии меѓу правни експерти и пратениците со цел, разрешувањето на членовите на Судски совет да се спроведе согласно законот и Уставот. Според брифинзи од спикерот Гаши се уште нема датум за заседавањето на Комисијата за именување и разрешување, но се дискутира на темата. Петте членови на Судски совет за кои се планира разрешување се избрани во Собранието имаат конекции со поранешната власт на двоецот СДСМ-ДУИ.