Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Во Фокус“ – Гаши за Алфа ТВ: Овој или следниот месец ќе се одлучува за евентуалното разрешување на петте членови на Судски совет

Овој или наредниот месец, Собранието ќе одлучува за евентуалното разрешување на петте…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овој или наредниот месец, Собранието ќе одлучува за евентуалното разрешување на петте членови на Судски совет кои беа именувани и изгласани од пратениците, но нема прецизен датум кога тоа ќе се случи. Во Законодавниот дом во тек се консултации и дискусии меѓу правни експерти и пратениците со цел, разрешувањето на членовите на Судски совет да се спроведе согласно законот и Уставот, брифира собранискиот спикер Африм Гаши. Тој во телефонски разговор за Алфа вели дека се уште нема датум за заседавањето на Комисијата за именување и разрешување, но се дискутира на темата.

„Се уште се одвива дискусијата со експерти. Ги консултираме правните експерти бидејќи треба да постапиме согласно законот и Уставот. Засега не се знае кога Комисијата за именување и разрешување ќе одржи седница и ќе ја стави на дневен ред оваа точка“ вели Африм Гаши, претседател на Собрание

Во меѓувреме, дел од правната фела е на ставот дека не постои никаква пречка пратениците да ги разрешат членовите поради негативниот извештај за работата на Советот што не помина во Собранието. Поранешниот министер за правда, Михајло Маневски вели дека не само според законот, туку и според Уставот, Комисијата за именување и разрешување треба да ги повика повика членовите да дадат отчет, а потоа Собранието има право да ги разреши. Маневски појаснува дека овие членови се изгласани од Собранието и доколку ланскиот извештај не добил зелено светло, членот 129 од Законот за судски совет и амандманите 28 и 29 од Уставот, им ги одврзуваат рацете на пратениците да одлучат за нивната судбина.

Реклама

Новоизбраниот претседател на Судскиот совет Александар Камбовски, пак,  верува дека Собранието ќе постапи согласно законот. Тој не даде прецизен одговор дали евентуалното разрешување на неговите колеги во Собранието е согласно законските прописи.

Инаку, речиси сите пет членови на Судски совет кои се избрани во Собранието имаат конекции со поранешната власт на двоецот СДСМ-ДУИ. Екс претседателките Весна Дамева и Павлина Црвенковска кои шефуваа за време на СДСМ и ДУИ, никогаш не биле судијки, туку стручни соработници во Кривичниот и Апелацискиот суд во Скопје, а поминаа под превезот „Истакнат правник“. Дамева била и член на правната комисија на СДСМ, а Црвенковска важи за близок човек на Заев. Селим Адеми, пред да решава за судбината на судиите, бил секретар во општина Гостивар и државен советник во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор. Овој ресор со децении го добиваше исклучиво ДУИ. Екс шефот на државата Стево Пендаровски, го предпожи, а пратениците го изгласаа и колегата на Селим од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, Миљазим Мустафа. И последно избраната, адвокатката Тања Чачарова-Илиевска е име кое се поврува со СДСМ. Таа била посебен советник на екс министерката за правда Рената Десковска и донатор на партијата на социјалдемократите.