Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Академијата за судии и јавни обвинители- Расадник на семејни стебла по судовите и обвинителствата

Расадник на семејни стебла кои се раширија по судовите и по обвинителствата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расадник на семејни стебла кои се раширија по судовите и по обвинителствата со години е Академијата за судии и јавни обвинители.

Сопруга, син, ќерка, снаа… за сите се наоѓаше фотелја откако завршуваа со обуките.

Низа скандали кои резултираа со оставка на долгогодишната директорка Наташа Габер Дамјановска во јули 2024-та. Напуштањето на функцијата следуваше по долгата битка со Антикорупциската комисија. Пред Управниот и пред Вишиот Управен суд се докажуваше дали 130- те слушатели незаконски се вработуваат неспоредно пред изборите. Претседателката Сиљановска Давкова, тогаш како кандидат, пред антикорупционерите ги оспори вработањата оти во предизборие се недозволени. ДКСК го запре процесот, а Габер Дамјановска се жалеше пред Управниот суд, но попусто.


Не само управните судии туку и Вишиот управен суд ја потврди одлуката на Антикорупциска – процесот во Академијата веднаш треба да биде запрен. По ова, Габер Дамјановска си поднесе оставка, а ја наследи Ирина Трајкоска Стрезоски – позиција за која во трка влегоа дури седум кандидати.

Но, ова не беше ниту првиот ниту последниот проблем поврзан со АСЈО. Со години наназад членови од судскиот и обвинителскиот совет се назначуваа за
членови и во Управниот одбор иако тоа според ДКСК и правната фела е судир на интереси. Иако постојано добиваа укори, ништо не се промени.

Зоран Герасимовски истовремено седна на три фотелји – во Судски, во Управниот одбор па беше назначен и како в.д. директор на Академијата. Не беше единствениот.
Наместо борба за враќање на довербата, во правосудниот систем битка се водеше за управниот одбор се очекуваше бидејќи тоа е клучното тело кое ги носи одлуки за новите кандидати. И претседателката на Врховен, Беса Адеми не се откажа да биде член иако нејзината снаа во тоа време беше ученик. Ислам Абази се реши на спротивното бидејќи требаше да си ја оценува сопругата со која сега имаат иста професија. Во истата генерација, коишто завршија во февруари 2023 беше и  синот на поранешниот собраниски спикер Талат Џафери, Барлет Џафери. Антикорупскиска за него откри дека сè уште недипломиран се здобил со право да полага правосуден испит во 2015 година. И покрај ова, тој успешно ја заврши Академијата и сега е обвинител во Гостивар.

Сега, под лупа на антикорупционерите е и новиот управен одбор во чиј состав се двајца од судскиот и двајца од обвинителскиот совет. Иако добија укор, не се откажаа па ДКСК најави построги мерки по одржувањето на конститутивната седница која се случи крајот на минатата година.