Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Театар или вистинска кавга: Политичката љубов меѓу ДУИ и СДСМ се распадна?

Некогашни партнери во добро и во зло, а сега со црни стрели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Некогашни партнери во добро и во зло, а сега со црни стрели еден кон друг – театар или вистинска кавга? ДУИ и СДСМ со денови наназад разменуваат остри изјави за етничките тензии и политичката ситуација во Македонија.

Во соопштение до јавноста, ДУИ обвинува дека СДСМ се користи со „албанофобија“ како политичка стратегија, ставајќи ги Албанците како егзистенцијална закана за Македонците. Од партијата тврдат дека македонските партии ја манипулираат јавноста, создавајќи страв од Албанците, додека реалната закана доаѓа од оние кои ја негираат идентитетската суштина на државата.

СДСМ, пак, ги обвинува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за поттикнување на етнички тензии, истакнувајќи дека неговите националистички реторики се опасни за мултиетничкото општество. Тие нагласуваат дека СДСМ е партија која се залага за мир и соживот меѓу етничките заедници и ги осудува сите националистички тенденции.

Реклама