Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Лични документи ќе се вадат и во општина Желино, канцеларија на Управните служби отворена во полициското одделение Групчин

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Полициското одделение Групчин,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Полициското одделение Групчин, општина Желино при што отвори нова канцеларија на Управните служби на МВР.

-Денеска сме во општина Желино и заедно со поддршка на локалната самоуправа и градоначалникот на Тетово. Во рамки на една заедничка идеја што ја имавме уште пред изборите, она што сме го ветиле го реализираме а тоа е го доближуваме услугите на МВР до секој еден граѓанин на Македонија. Истово го сторивме ова во општина Липково, општина Јегуновце, општина Сарај, еве сега и во општина Желино. Во рамки на Полициското одделение во Групчин, отвораме Управни служби на МВР каде што сите оние граѓани кои се околу триесеттина илјади заедно со нашите иселеници ќе може во рамки на својата општина, поблиску до својот дом, да си ги остварат сите оние права коишто се во делот за вадење на лични документи како пасоши, лични карти и возачки дозволи. Покажуваме дека можело поинаку од она што било претходно. По информација на градоначалникот на општина Желино, повеќе од 7 години е барано во рамки на ова полициско одделение да бидат отворени управни служби. Секој македонски граѓанин заслужува да си го добие услугите од МВР и сите останати институции на достоинствен, брз и ефикасен начин, потенцираше министерот Тошковски.

Нагласи дека во иднина ќе продолжи со ваков тип проекти за да се покаже дека навистина институциите можат да покажат грижа за сите граѓани на Македонија.