Реклама
Македонија

Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

Честитка по повод големиот христијански празник – Божиќ, упати претседателот на Собранието,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Честитка по повод големиот христијански празник – Божиќ, упати претседателот на Собранието, Африм Гаши.

„Почитувани граѓани од православна вероисповед, во името на Собранието на Македонија, ви го честитам православниот Божиќ. Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон друг“, наведува Гаши во честитката.

Неговата желба е овој празник да донесе мир, хармонија и радост во срцата на сите верници.

Реклама

„Нека оваа година биде исполнета со успех, бериќет и здравје за сите вас“, посочува Гаши во божикната честитка.