Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Бизнис

Со парите од унгарскиот кредит, 2025-та ќе биде година на економски раст, предвидуваат стопанствениците и банкарите

По бројните економски предизвици и турбуленции со кои се соочи Македонија во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По бројните економски предизвици и турбуленции со кои се соочи Македонија во 2024 година, парите од унгарскиот кредит доаѓаат во вистинско време за веќе во 2025-та конечно да започне реанимирањето на колабираната економија. На македонските компании насушно им беше потребна инвестициона експанзија, а без овие пари, и под толку поволни услови, тоа ќе беше невозможна мисија. Ова е ставот на бизнисмените кои веќе ги прават последните калкулации за користењето на овие средства. „Ние конкретно ќе ги користиме за технолошки раст и развој. Веќе имаме обезбедно и план, кои машини и од каде ќе се набавуваат, а заради зголемениот обем на работа ќе инвестираме и во нови деловни простории“, – вели Ирена Јакимоска од „Комфи Ангел“.

  „Позитивни се сигналите за овие средства кои Владата ќе ги додели како унгарски кредит, овие 250 милиони. Сметам дека ќе бидат добри за стопанството, ќе бидат можност да се инвестира во нови технологии, во нови знаења. Исто така, во 2025 година дополнително ќе даде инпакт инфраструктурното поврзување, автопатот, бидејќи како што најави Владата, тоа е некаде околу 2% од БДП“, – кажа Никола Мариноски, претседател на Регионална стопанска комора – Прилеп.

  И од банкарскиот сектор уверуваат дека заинтересираноста на компаниите за час поскоро да почнат да ги користат овие средства, била огромна. Но, бидејќи самиот процес на одобрување бил прилично комплексен, нивните најоптимистички прогнози се дека овие пари на компаниите релно ќе им станат достапни во првиот квартал од наредната година.

Реклама

  „Прво треба да ги добиеме договорите, да се потпишат, потоа да се пристапи кон операционализирање. Самиот процес на одобрување на кредит е процес кој што бара од прибирање на документи, проверка на инвестиции, проверка на колатерала, анализа на финансиски извештаи кој што бара време за да се донесе конечна одлука за да може од страна на банката да биде оперативен тој кредит за конкретен клиент“, – објаснува проф. д-р Стевчо Димески, регионален директор на Стопанска Банка – АД Скопје.

  Од Министерството за економија пак, сигурни се дека со екстра-поволниот унграски кредит, освен што ќе се раздвижи македонската економија, ќе се придонесе и за зголемување на БДП, но и за поефикасно полнење на Буџетот .

  „Очекуваме со користењето на унгарскиот кредит подобрување на економската состојба во Македонија, а секако тука влегуваат и 250 милиони евра капитални инвестиции во општините со што ќе имаме едно големо раздвижување и на градежниот сектор. Тоа ќе предизвика секако еден добар економски раст кој се предвидува за наредната година да биде над 3,5%, околу 3,7%“ – изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија.

  Унгарскиот кредит е во висина од 500 милиони евра. Половината од нив се наменети за развој на стопанството, а другата половина за инвестиции во општините.

 Каролина Дурло