Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Бизнис

Инспекторите на терен, трговците почнаа да ги намалуваат цените

10 јајца за 80 денари, Брашно тип 400 од 34 -39 денари,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

10 јајца за 80 денари, Брашно тип 400 од 34 -39 денари, масло 88 денари , килограм свежо мелено месо 319 денари – трговците се исплашија и почнаа да ги намалуваат цените. По ултиматумот кој го добија од Владата, со флаери и промоции по социјалните мрежи најавуваат дека се општествено одговорни и додаваат нови производи на листата „Новогодишна кошничка“ . Речиси сите големи ланци на маркети објавија промотивен флаер на кој  пишува за колку паднале цените.

Според информациите од пазарна, пониски цени има на  десетици основни прехранбени производи како маслото, јајцата, шеќерот, месото.  Од инспекторатот велат дека се пријатно изненадени од чекорот што го презеле трговците и очигледно е дека пораката од Владата дава резултат. Сепак, ќе се чека финалната анализа од терен за движењето на цените:

Инспекторите се на терен и прават анализи.  Она што се забележува во моментов е дека има намалување на цените по сопствена иницијатива. Според првичните анализи пониски цени има на 20 -50 производи во 750 продажни места, велат од пазарен инспекторат.

Реклама

Рокот кој Владата им го даде на трговците е до петок, а во спротивно им се закани со поригорозни мерки како замрзнување на цените или замрзнување на маржите. Пазарниот инспекторат прави анализа и како се движеле цените во изминатите три месеци.

Согласно првиот договор помеѓу Владата и бизнисот акциската продажба треба да трае до 15-ти јануари, а на листата се над 1000 производи кои се карактеристични за овој период. Но, се утврдило дека паднале цените на производите кои се на листата, меѓутоа на сметка на тоа „скокнале“ цените на оние производи кои не се.

Да се почитува договореното порачаа и од Стопанската комора на северозападна Македонија. Според нивните информации од терен, досега немало констатирано случај дека некоја од членките на комората не се придржува кон договореното.

Бизнисот смета дека замрзнување на цените или на маржите би било против политиката на слободен пазар, и се надеваат дека ред во трговијата конечно ќе се стави со законот за нефер трговски практики, кој е на сила, но казните ќе следат по први јануари.

Во моментов трае периодот на мониторинг и прилагодување на трговците кон законското решение, а според информациите од министерството за економија во овој период откако законот стапи на сила на крај на октомври,  биле утврдени 26 нефер трговски практики. Од први јануари оние што нема да го почитуваат законот ќе плаќаат и дебели казни до 20 илјади евра.