Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Дипломатија, економија, градежништво и борба со криминалот – владата води жестока битка на четири фронта

Битка против корупцијата и криминалот, проактивна дипломатија, економски развој и зајакнување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битка против корупцијата и криминалот, проактивна дипломатија, економски развој и зајакнување на инфраструктурата – власта отвори борба на четири клучни фронта со што се подобри животот во Македонија, ќе се подигне стандардот, ќе се врати довербата во институциите. На тој начин ќе се европеизираме и ќе бидеме подготвени за влез во Европска Унија. Експертите сметаат дека чекорите преземени во економијата, новите инвестиции, градежните проекти и дипломатските активности создаваат силна основа за просперитет и напредок, но и подобрување на македонскиот интегритет на меѓународната сцена.

Сите активности кои се дел од прогамата и кои се спроведуваат во континуитет во суштина се наменети за подигнување на стандардите на граѓаните, за достигнување зна стандарди карактеристични за земјите во ЕУ. Сите оние реформи кои се случувуаат борба против корупција, економска сфера, подобрување на инфраструктурата, во суштина значат исполнување на критериумите за членство, што придонесува за подигнување на стандардот за да бидеме спремни за влез во ЕУ.  Особено значајни за нас се борба против корупција и криминал, за разлика од претходно кога имавме само декларативни заложби за борба против корупција, сега имаме сериозни чекори, и тоа е видливо, тоа ќе придонесе за едно засилено почитување од сите фактори на меѓународната сцена, граѓаните ќе имаат доверба во институциите, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции.

Реформирањето на Македонија,не е само политички процес, туку и длабока институционална трансформација. Спроведувањето на реформите во борбата против корупцијата, како и во економијата, инвестициите и градежништвото, овозможува создавање на институции кои ќе бидат подготвени да одговорат на предизвиците на современото европско општество, децидни се упатените. Овие промени не само што ја приближуваат Македонија до Европската унија, туку и ја јакнат меѓународната позиција на земјава, како сигурен партнер.

Реклама

Mногу јасно е што Македонија порачува, а превземените чекори, мерките во делот на економијата, нови инвестиции, градежништво, борба против корупцијата, заштита на демократијата, дипломатија, пакет на реформски мерки, ја убедуваат меѓународната заедница дека Македонија  е подготвена да се реформира, вели поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев.

Со години, Македонија добива критики од меѓународната заедница, особено од САД и ЕУ, за високото ниво на корупција и криминал. Овие предупредувања доаѓаат во форма на извештаи и препораки кои истакнуваат дека Македонија мора да ги засили и да ги реформира своите институции. Напредокот на ова поле, ќе придонесе за подобрување на економијата, нови инвестиции и развој на инфраструктурата. А за сето тоа да се претстави во најдобро светло на меѓународната сцена, потребна е дипломатска офанзива.

 Според експертите без сериозни напори во овие области, Македонија не може да ги постигне своите цели за интеграција во Европската унија и за создавање на просперитетно општество.