Реклама

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Македонија

Косово и Албанија можат да му бидат попатна станица, но не и трајно прибежиште на Артан Груби

Ниту Косово, ниту Албанија се сигурни засолништа за бегалецот Артан Груби. Иако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту Косово, ниту Албанија се сигурни засолништа за бегалецот Артан Груби. Иако се шпекулира дека има косовско и албанско и државјанство, тоа не е гаранција дека ќе се спаси од соочување со правдата во Македонија.

Последните шпекулации се дека тој е лоциран во имот на Јадранското море во близина на Драч. Кога Груби преминал од Косово на албанска територија е непознато, но веројатно е дека тоа од претходно планирал бидејќи можноста косовските власти да го кријат речиси и ја нема.

За да си ја спаси десната рака, Али Ахмети замина во посета на Косово само ден откако Груби ја напушти Македонија на Блаце. Но очигледно ниту конекциите на интегративците, не успеале да го заштитат осомничениот вицепремиер за криминал во Државната лотарија.

Реклама

Од  друга страна, дека Албин Курти е поблизок со албанскиот блок партии во Македонија кои се во владејчката коалиција се потврди пред изборите кога ВРЕДИ на Меџити, Касами, Гаши и Таравари доби апсолутна поддршка од него.

За престојот на албанска територија или намерата Груби таму да си добие азил, главен проблем е тоа што заврши на американската листа за корупција во судството. Еди Рама за кој важи дека има проамерикански ставови, малку вертојатно е дека ќе сака да се замери со Вашингтон.

Со политички притисок, шансите се големи Артан Груби да и биде вратен на Македонија, вели универзитетскиот професор Александар Нацев.

  • Знаеме дека целото раководство на ДУИ, па и Артан Груби имаат тесни конекции со политички кругови во Албанија. Треба да видиме колкав политички притисок ќе се направи врз албанската влада за да се дозволи тоа негово испорачување таа негова екстадиција, но сепак треба да оставиме на МВР и Обвинителството пред се преку свои официјални канали да се изборат за негова екстрадиција“ вели Александар Нацев – универзитетски професор.

Никој нема да биде над законот, вклучувајќи го и Груби, дециден е вицепремиерот Меџити.

  • Пораката од Владата е дека никој не е над законот и секој што згрешил треба да одговара. Останува на МВР, судството и обвинителството да се занимаваат со случајот Груби и со другите“, рече Меџити.

Министерство за правда може да побара екстрадиција откако екс првиот вицепремиер ќе биде лоциран и  уапсен бидејќи по него веќе е распишана меѓународна потерница. Тогаш, Министерството за внатрешни ја известува Правда, од каде се испраќа барањето за екстрадиција.