Реклама
Македонија

Скопје изутрината беше најзагаден град во Европа

Скопје, изутрината се најде на врвот на листата на најзагадени градови во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје, изутрината се најде на врвот на листата на најзагадени градови во Европа, и на десеттото место во светот според податоците на платформата „ај-кју-аир“.

Индексот на загаденост изнесува 169, што го става главниот град на Македонија во категоријата на небезбеден воздух за дишење. На светско ниво, најзагаден град утрото беше Делхи зад кој следуваат Акра, Каиро, Карачи и Бишкек.

Скопје, иако е далеку помал од овие метрополи повторно се истакнува со високи нивоа на загаденост. Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат подолг престој на отворено особено оние со хронични заболувања, деца и постари лица.

Реклама

Се препорачува користење на јавен превоз и минимизирање на употребата на приватни возила со цел да се намали дополнителното загадување.