Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Груби и Бајрами се бараат со меѓународна потерница

Во Македонија, топ тема е расчистувањето со криминалот во „Лотарија“ каде главно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија, топ тема е расчистувањето со криминалот во „Лотарија“ каде главно осомничени се Артан Груби и Перпарим Бајрами. Но проблемот е што и двајцата се во бегство, па затоа се бараат и со меѓународна потерница.

Адвокат на Бајрами е Антонио Апостолски. За Алфа ТВ не открива каде е неговиот клиент, само дека неколку месеци живеел и работел надвор од земјава на информативен разговор во полиција беше сопственикот на Нептун, почесниот конзул на Косово, Арсим Папранику, кој со дипломатско возило го пренел преку граница Артан Груби во Косово минатиот викенд.

Груби не можело да биде уапсен на граничниот премин со Косово, вели професорот Гордан Калајџиев, откако власта и опозицијата побараа МВР да одговори како се случило тој да ја помине границата без да биде уапсен.

Реклама

„Груби не можел да биде приведен при преминување на границата без судска одлука. Полициските мерки како ‘стоп листа’ или распис се во спротивност со Уставот и ЗКП!“, напиша Калајџиев на Facebook.

Вчера, МВР информира дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Груби на државната граница.
Едниот, полицискиот службеник Б.Ј., според МВР, со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки на патничкото возило „мерцедес“ со кое се превезувал Груби и не го евидентирал за остварување излез од државата.

Патниците од предметното возило, А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач, полицискиот службеник Б.Ј. ги завел дека пешки ја поминале границата. Вториот полициски службеник б.А. е раководител на смена. И тој добил дисциплинска мерка.