Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Решавање на предизвиците преку проекти- градоначалниците од истокот имаат план за решавање на горливите проблеми

Како да се задржат младите и да не ја напуштат државата, подобрување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како да се задржат младите и да не ја напуштат државата, подобрување на инфраструктурата, како  и јакнење на туризмот, се само дел од предизвиците, кои градоначалниците од истокот,  ќе се обидат да ги решат во наредниот период со проекти преку источниот планскиот регион.

„Нашата географска средина располага климатски фактори, со природни богатства коишто заедно со ИПР идниот период ќе се потрудиме да изработиме проекти за развој на туризмот, создавање на подобри услови за граѓаните, како и услови за поконкуретно земјоделие„ изјави Борчо Коцев, претседател на Советот на градоначалници на ИПР.

„Темите на коишто ќе работиме во периодот што следи, можноста за иницирање и развој на туризам, подобруваање на инфраструктурата, создавање на услови како и дигиталната трансформација и меѓуопштинската соработка, промоцијата на дигиталните услоги кон сите корисници и граѓани, што како предуслов верувам дека ќе биде причина за намалување на тој процент и таа тенденција на иселување„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Реклама

Во наредниот период преку ИПР, Кочани ќе бара начин конечно да го изгради и Домот за стари лица, со што ќе се реши деценискиот проблем со кои се соочуваат граѓаните од регионот.

„Преку ИПР ќе се обидеме до сите достапни фондови што ќе ни бидат на располагање, да дојдеме до такви средства, бидејќи реално нашите буџети не дозволуватѕ самостојно да градиме и реализираме вакви проекти, но со поддршка и од Центарот и од релевантните институции, сметам дека може да дојдеме до такви средства„ изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Во изминатите шеснаесеттина години преку ИПР во источниот регион се реализирани околу 140 проекти, со кои значително се имат подобрено условите за живот на граѓаните. Отворениот ден на Источниот плански регион, финансиски е поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Александра Ристевска