Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Постигната историска највисока откупна цена за тутунот – 400 денари по килограм плус 100 денари субвенции

Речено – сторено. Тутунатите можат да здивнат, но и конечно да бидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речено – сторено. Тутунатите можат да здивнат, но и конечно да бидат позадоволни. Со сите 10 откупни компании постигнат е договор, годинашниот род да го откупуваат по 400 ден. за килограм тутун што е за 25 денари повеќе во однос на пролетоска договорената просечна откупна цена од 375 денари, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

  „Тутунарите, таму кон крајот на првиот квартал, секоја година потпишуваат договори со откупувачите за тутунот за откупот на тутунот и цената. И таа за оваа година беше 375 ден./ кг, за прва класа. Но, бидејќи реколтата е некаде околу 17 милиони килограми, со исклучително добар квалитет, имавме разговори со тутунопроизводителите и дојдовме до посакуваната цена од 400 ден.“, – посочи Христијан Мицкоски, претседател на Влада.

  Освен повисоката откупна цена, тутунарите ќе добијат и по 100 денари субвенција за секое предадено кило тутун, со што, крајната вкупна цена ќе достигне до 500 денари, уверува премиерот, притоа додавајќи дека посебно охрабрувачки е и тоа што целиот тутун се откупува во прва класа, а тоа значи дека се плаќа по 400 ден. за секој килограм.

Реклама

  „Како Влада донесовме одлука и субвенцијата од 80 денари да ја зголемиме за дополнителни 20 денари и да биде 100 денари по килограм, што ќе каже дека сумарно за еден кг откупен тутун на тутунарите ќе им бидат исплатени вкупно 500 денари за кг, или некаде околу 140 милиони евра како свежи пари, капитал ќе влезат кај тутунарите“, – рече премиерот Мицкоски.

  Инаку, раниот откупот на годинашниот род започна уште на 15-ти ноември, главо стихијно и со тактизирање и на тутунарите, и на откупувачите, а додека редовниот, според постоечкиот Закон за тутун, започнува на 15 декември. Родот го откупуваат 10 лиценцирани откупни компании и сите веќе потврдиле дека од понеделник тутунот ќе го откупуваат по 400 ден за кг. А додека за веќе откупениот род, разликата во парите на тутунарите ќе им биде ретроградно исплатена.

  Исто така, пред неколку дена, премиерот Мицкоски информираше дека годинава е решен и проблемот со откупот на оризот при што оризарите ќе добијат по 6.000 денари за еден тон откупена арпа, наменета за извоз, а ќе добијат и субвенции по 18.000 денари од хектар за тековната година. 

Каролина Дурло