Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Швајцарската „ДМ Бау АГ“ ќе вложи најмалку седум милиони евра и ќе отвори 200 работни места

Нова странска инвестиција од седум милиони евра и нови 200 вработувања –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова странска инвестиција од седум милиони евра и нови 200 вработувања – најави премиерот Мицкоски. Швајцарската компанија  „ДМ Бау АГ“ ќе отвара фабрика за производство на модуларни објекти и ќе биде во индустриската зона близу Куманово. Изградбата на погоните треба да почне кон крајот на првата половина од 2025 година.Според премиерот, планираната инвестиција ќе ја надмине првичната сума од најмалку седум милиони евра наведена во Договорот.

Покрај производсто на вакви објекти, компанијата е и нивен изведувач. Обртот е неколку десетици милиони швајцарски франци, има повеќе од седумдесетина вработени и 30-на проекти годишно. „ДМ Бау“ е еден од најголемите европски производители во овој сегмент. Моментното производство се одвива на две локации во Швајцарија, а плановите за интернационализација и зголемување на капацитетите, „ДМ Бау“ одлучи да ги реализира преку Македонијакажа премиерот Христијан Мицкоски.

„ДМ Бау Интернешнал“ е швајцарски производител на модуларни објекти со преку 100 години традиција.Покрај производсто на вакви објекти, компанијата е и нивен изведувач.Од менаџерскиот тим велат дека вложувањето во Македонија е вистинскиот избор, и се надеваат дека за брзо време инвестицијата ќе биде проширена.

Реклама

Ние сме швајцарска компанија која се фокусира на префабрикувани дрвени конструкции и мошне внимателно размислувавме за нашето проширување. Внимателно проверувавме неколку различни места и можности за тоа каде може да ја прошириме компанијата и конечно навистина сме среќни што Северна Македонија се појави како место што го избравме и мислам дека досега се течеше добро – дијалогот, отвореноста, пронаоѓањето решение. Тоа ни покажа дека нашата одлука беше вистинска– велат од менаџерскиот тим.

„ДМ Бау“ ќе изгради голем комплекс составен од повеќе објекти за производство, монтажа и складирање со вкупна површина 35 000 метри квадратни. За оваа цел компанијата годинава купила 72 000 метри квадратни земјиште каде веќе се во тек подготвителни активности за инвестицијата.

„ДМ Бау Интернешнал“ е сопственост на лице со потекло од Македонија кое работи во Швајцарија.