Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Јаневска побара време за решавање на проблемот со насилниот ученик и бојкотот на наставата

Министерството за образование формираше интердисциплинарна комисија која работи на решавање на случајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование формираше интердисциплинарна комисија која работи на решавање на случајот со ученикот во осното Лазо Ангеловски во општината Аердром, потврди министерката за образование. Јаневска побара простор од неколку денови укажувајќи на фактот дека на ваков начин се сигматизира детето во јавноста.

“Ве молам да дозволите неколку дена веќе работиме тимски. МОН, Министерството за здравство и Министерството за социјала, демографија и млади го решаваме проблемот. Дозволете неколку дена да дојдеме до најсоодветното решение. Предвидуваме подлабоки, посериозни активности и постапки коишто ќе бидат во корист на детето и решавањето на целиот случај” изјави министерката Јаневска.

Наставата во основното Лазо Ангелевски во општина Аеродром и денес не се одржа, советот на родители донеле одлука за бојкот кој може да продолжи и од идната недела, односно до целосно решавање на проблемот. Оттаму потврдија дека не поставаат ултиматут детето да биде отпишано, туку бараат да се заштитат правата на нивните деца.

Реклама

Од детската амбасада Меѓаши во допис до Алфа нагласуваат дека правото на образование на секое дете е усвоено со Конценцијата за права на децата. Оттаму нагласуваат дека треба да се пристапи кон целосен развој на менталните и физички способности на секој поединец кој е дел од образовниот процес.

“За жал училиштата сѐ почесто стануваат мета на најразлични форми на негативни влијанија, се поевидентни стануваат потребата и  неопходноста од фокусирање на училиштата и целиот воспитно образовен систем во насока на воспитување во чија основа ќе бидат вредностите на ненасилното однесување и промовирање/спроведување на мирот во образованието” стои во дописот.

Проблемот со ученикот ескалираше откако требаше да биде префрлен од основното училиште Лазо Ангеловски во општина Аеродром во основното 11 Октомври. Имено, ученикот беше одбиен да посетува настава во училиштето поради обвиненија за насилно однесување кон соученици.

Даниел Ѓорѓевски