Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Наумовски: Последните пораки од Кос даваат нов импулс за македонскиот пат кон ЕУ

Дипломатската офанзива вроди со плод. Maкедонија има поддршка од најголемиот дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дипломатската офанзива вроди со плод. Maкедонија има поддршка од најголемиот дел од земјите членки на Европската Унија кои можат да извршат притисок на Бугарија и да се откочат евроинтеграциите. Експертите се децидни дека пораките на новата еврокомесарка за проширување, се ветар во грб за македонската влада да продолжи да лобира по европските институции и преку цврсти аргументи да го брани предлогот за уставни измени со одложено дејство. Марта Кос вети дека ќе направи се, билатералните спорови да не бидат дел од процесот на преговори.

Поразличниот став на новите челници во ЕУ, е нов импулс во еропската приказна на Македонија.

Една поинаква изјава од еврокомесарката, кога рече дека ќе направи се, билатералните проблеми да не бидат дел од процесот. Кос ќе даде нов импулс. Сепак ЕК не може сама да ја донесе одлуката за влез на Македонија кон ЕУ но може да влијае. Во наредниот период ќе треба да се формира стабилна политичка влада, но планот на власта дава еден нов импулс. Домашните задачи, реформите, има фокус на тоа, плус наоѓање решение во врска со уставните измени, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски.

Реклама

Во меѓувреме додека ги завршуваме домашните задачи и се реформираме, треба да се репреговара со Бугарија, но откако таму ќе се формира стабилна политичка влада. Наумовски очекува и Софија да направи чекор напред, како што тоа го направи Скопје, кога се согласи на уставни измени, но со одложено дејство.

Ние од секогаш сме имале поддршка од најголемиот дел од ЕУ членките, но доволно е само една членка да го блокира членството. Несомнено вроди со плод онаа офанзива каде сите европски челници имаа можност да слушнат за нашите аргументи. Останува да видиме дали офанзивата ќе продолжи за да се убедат големите членки да извршат притисок кон Бугарија. Кај нас сега се согласни речиси сите за уставни измени со одложено дејство, што е поразлично од претходните позиции, па затоа очекуваме и од Бугарија да направи чекор напред, додава Наумовски.

Владата ќе го брани предлогот за уставни измени со одложено дејство, и на Самитот ЕУ – Западен Балкан кој ќе се одржи во втората половина од декември, но и на средбите со Европската народна партија.