Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Трипуновски: Годинава ќе биде постигната рекордна цена на тутунот

Тутунопроизводителите не треба да бидат загрижени. Годинава ќе биде постигната највисока просечна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тутунопроизводителите не треба да бидат загрижени. Годинава ќе биде постигната највисока просечна откупна цена на тутунот. Владата е во постојана комуникација и со откупувачите, а и со тутунопроизводителите и нема да дозволи македонските тутунари да бидат разаочарани, порача денеска од Прилеп, ресорниот министер Цветан Трипуновски кој беше во посета на Откупниот центар при Тутунскиот комбинат.

„Досега, до вчерашниот ден се откупени милион и 400 илјади килограми, со просечна цена од 374, 30 дени и истиот е исплатен негде околу 45 проценти кон земјоделците…Јас само сакам да упатам една јасна порака до сите тутунопроизводители дека оваа година ќе бидат многу позадоволни од минатата година. Просекот кој ќе се постигне на ниво на држава, ќе биде поголем  од минатогодишниот просек. Едноставно, ние како држава и како Министерство, никогаш нема да дозволиме да има разочарување како во минатото“, – изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство. 

Исто така, во последниве денови, полека, но сигурно, на интензитет добива и самот тек на откупот. Засега, нема забелешки за некакви неправилности при проценката, уверуваат и од надлежниот Инспекторат, и од Сојузот на тутунските здруженија.

Реклама

„Вкупно пријавени се 287 пунктови, од кои отворени се 280, a останатите 7 ќе бидат наскоро отворени. Откупот се следи тековно, сега-засега инспекторите се на терен и нема никаков проблем“, – рече Васе Јанакиев, директор на ДЗИ.

„Состојбата на терен е многу поповолна во споредба со почетокот заради тоа што е многу зголемена динамиката, а за зголемување на динамиката помогнаа и временските услови…Kако што гледаме на терен, производителите се задоволни, сето се откупува во прва класа, нема одбитоци. Успеавме да се договориме да нема класи, тутку сето да оди прва класа“, – кажа Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Според министерот Трипуновски, заради преполовувањето на произведениот род, интензивно се работело и на унапредувањето на стратегиите за зачувување и стимулирање на тутунопроизводството како би се спречило преоринтирањето кон одгледување на други култури. „А тоа е важно и од социјален, и од економски аспект за нашата држава“, посочи Трипуновски, притоа додвајќи дека и висината на субвенциите спаѓа во тој партнерски договор.

Каролина Дурло