Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

МЖСПП ја поддржува акцијата „Генералка Викенд“

Преку потпишување на Меморaндум за соработка од страна на првиот заменик премиер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку потпишување на Меморaндум за соработка од страна на првиот заменик премиер и министер за животна средина и просторно оланирање Изет Меџити, со Гордана Софија и Ханес Јаецкл од ‘Man&Mountain’, МЖСПП продолжува со поддршката на најголемата волонтерска акција за собирање и селектирање на отпадот во нашата државата, ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД.

Министерството за животна средина и просторно планирање посветено работи на спроведување на политиките за одржливо управување со отпадот. При тоа, спроведува и поддржува активности за чистење на постоечки депонии и спречување на создавање на нови на целата територија на државата, вклучително и заштитените подрачја.

„Оваа активност ја поддржуваме уште од самиот почеток во текот на изминативе 4 години. За нас како Министерство и како Влада, од голема важност е подигањето на свеста не само кај граѓаните, туку кај сите чинители – институции, бизнис заедница и други, како и развивањето на позитивните навики за постапување со отпадот што го создаваме, уште од најмали нозе“ истакна првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Реклама

„Генералка Викенд“ е исклучителен пример на добра соработка на институциите на национално и локално ниво со домашни и странски компании, колективни постапувачи со отпад образовни институции, граѓански организации, медиуми, волонтер и други.

Во годинашнава пролетна акција се вклучија сите општини, вкупно 81,а преку 20.000 волонтери – деца, студенти, пензионери, работници во комуналните претпријатија и општини, претставници од невладини организации, спортски клубови, национални паркови, вооружение сили, специјалните единици при МВР и многу други, исчистија повеќе од 400 локации низ цела земјата.