Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Амбасадорот на Јапонија беше во работна посета на Неготино

Амбасадорот на Јапонија Казуја Оцука денеска беше во работна посета на Неготино,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Јапонија Казуја Оцука денеска беше во работна посета на Неготино, информираа од кабинетот на неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

– На средбата присуствуваше и директорот на ЈЗУ Здравствен дом Неготино Љупчо Пасинечки. Амбасадорот беше запознат со реализираните проекти и активности со кои како локална самоуправа се придонесува за создавање подобри услови за живеење на сите граѓани на општината, се искажа и благодарност до Амбасадата на Јапонија и јапонскиот народ за финансиската поддршка преку која се реализирани два значајни проекти во општината, во вредност од околу 100.000 евра, соопштија од кабинетот на Стојанов.

Во вториот дел од работната посета престојувале во Здравствен дом Неготино, каде што амбасадата на Јапонија донирала дигитален рендген апарат за подобрување на опременоста на институцијата и подобрување на дијагностичките можности.

Реклама

– Со неговата иновативна технологија и прецизност ќе се овозможи побрза, поточна и поефикасна дијагностика и понатамошен третман на пациентите. Беше потенцирано силното партнерство и меѓусебно почитување меѓу народот на Македонија и Јапонија со надеж дека преку заеднички вредности, напори и проекти ќе продолжиме да градиме поздрава и понадежна иднина, додадоа од кабинетот на Стојанов.