Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Mицкоски во Брисел на средба на лидерите на Западен Балкан со новиот претседател на Европскиот совет

Премиерот Христијан Мицкоски, вечер во Брисел ќе присуствува на неформална работна вечера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, вечер во Брисел ќе присуствува на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на Западен Балкан ја организира новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта. Покрај Мицкоски, на вечерата се поканети и косовската Претседателка, Вјоса Османи, претседателите на Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ.

Претседавачката на претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цијановиќ и премиерите на Албанија и на Косово, Еди Рама и Албин Курти. Пред вечерата најавени се билатерални средби на Кошта со Мицкоски, Рама, Цијановиќ, Вучиќ и Курти, додека за утре претпладне е предвидено Претседателот на советот на ЕУ, да се сретне со Османи и Милатовиќ. За утре, беше најавувана и средба на лидерите на земјите од Западниот Балкан, со високи претставници на ЕУ, на која главна тема требаше да биде имплементацијата на планот на Европската комисија за раст на регионот, но таа е откажана.

Сепак, како што соопшти портпаролот на Европската комисија за проширување и меѓународни партнерства одлагањето на средбата нема да влијае на процесот на исплата на првите средства во рамките на планот за раст на Западниот Балкан.