Реклама

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Македонија

Влада: Оставката на Дамева е исправна, правдата мора да профункционира

И додека од оставката на Дамева се изненадија нејзините колеги, од Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И додека од оставката на Дамева се изненадија нејзините колеги, од Владата истата ја поздравија.

„По огромните забелешки за работата на претседателката на Судскиот совет, Дамева единствената можна и исправна одлука е нејзината оставка. Разбираме дека од ваквата одлука ќе има многу засегнати и загрижени поради нивното сомнително работење, огромните сомнежи за криминал, како и фалсификување на записници, но правдата мора да профункционира“, стои во соопштението од Владата.

Реакции имаше и од партиите, но само од албанскиот блок. Од опозициската ДУИ ги осудија, како што наведуваат, политичките напади врз Дамева.

Реклама

„Личните напади, политичките притисоци и јавните манипулации што ги опиша Дамева се јасен одраз на нелегитимната и неодговорна власт, која не запира во обидите да го прошири своето влијание врз секој сегмент од државата. Оваа Влада не само што не успеа да обезбеди праведен и независен судски систем, туку ги користи сите средства за да ги уценува и дискредитира оние кои не се подготвени да се покорат пред политичките притисоци“, реагираа од ДУИ.

Од Вреди пак им одговорија на ДУИ дека тоа што зборуваат за постапување спротивно на законите е апсурдно само по себе. ДУИ, според коалицијата, е синоним за кршење на законите и влијание врз судскиот систем во континуитет и за тоа мора и ќе има одговорност.

„Истата Весна Дамева која денеска поднесе оставка и ДУИ леат крокодилски солзи за притисок врз неа, Селим Адеми – член на ДУИ, кој во тоа време во својство на потпретседател ја надгласа и ја разреши од функцијата претседател бидејќи на дневен ред ги ставила точките што не и одговараат на поранешната власт“, наведоа од Вреди.