Реклама

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Македонија

Фискалниот совет препорачува одење во пензија на 67 години

Ќе се зголеми ли старосната граница за одење во пензија? Фискалниот совет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе се зголеми ли старосната граница за одење во пензија? Фискалниот совет предлага во 2026 година старосната граница за остварување на право за пензија на мажи и жени да биде 67 години старост.

Фискалниот совет е државна институција чиј основач е Собранието и ова мислење го даде во врска со фискалната стратегија (2025-2029). Ставот го достави до законодавниот дом и во него бара во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија.

Потребно е и зголемување на стапката на придонесот за ПИОМ, пишува во мислењето. Според фискалниот совет, буџетската дупка во фондот за пензиско и инвалидско осигурување е голема, а линеарните зголемувања од 2.500 денари ќе придонесат фондот на долг период да не биде одржлив.

Реклама

Фискалниот совет, пак, е составен од високи професионалци. Претседател на фискалниот совет е Глигор Бишев, поранешен директор на Шпаркасе банка, а членови се Академик Абдулменаф Беџети и Марина Трпеска, редовен професор на Економскиот факултет при УКИМ.