Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Како е да се живее со оштетен слух во Македонија?

Се родил глув, со помош на апаратче денес слуша, но има проблеми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се родил глув, со помош на апаратче денес слуша, но има проблеми со говорот. 12 годишниот Стефан Панчевски иако има сетилна попреченост што му носи предизвици во секојдневниот живот, тој редовно оди на училиште, сака да учи и слуша музика, а компјутерот му е јака страна. Неговата желба е да го продолжи образованието, за во иднина биде успешен компјутерџија. Неговата мајка Ирена раскажува дека Стефан и покрај животот со оштетен слух, тој напредува и се носи со своите врсници.

Стефан од својата 6-та година е со имплантиран апарат за слух. Таа интервенција му е направена во Полска. Затоа што во Македонија, тежок бил патот да добие помагало, за да му се подобри слухот.

Неговата мајка, порачува секој да се стави во улога на овие деца но и возрасни, односно да си замисли како е да поминат еден ден без да изговорат ниту еден збор.

Реклама

Родителите на децата со оштетен слух алармираат дека во нашето општество постои општо неприфаќање и стигматизација за користењето на слушните помагала. Тие сакаат да направат чекор напред во уривањето на стереотипите за оштетениот слух како попреченост. Велат дека е време, да се стави крај на дискриминацијата на овие дечиња.

Во Македонија,во моментов нема листи на чекање за имплантиран апарат за слух – кохлеар. Годишно по 10 луѓе го добиваат ова слушно апаратче, а интервенцијата ја прават специјалисти на Универзитетска клиника за уво, грло и нос.